ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Следува прочистување на правосудството – приклучете се на маршот „Чекориме за правда“

- Тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата - изгубија! Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја. Правда ќе има, правдата доаѓа - порача Николовски.

February 17, 2020 14:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, ги повика сите правдољубиви граѓани денеска со почеток во 18 часот да се приклучат на Маршот „Чекориме за правда“, што ќе почне од пред Собрание, а ќе заврши пред комплексот судови.

– Нашата заложба за градење на силни, независни и професионални јавни обвинителства – успева. Собранието со потребното мнозинство пратеници го усвои Законот за јавно обвинителство. Ставивме уште еден темел на неселективната правда и на правосудство кое гарантира одговорност и казнивост за секој којшто го прекршил законот – порача Николовски.

Тој им честита на пратениците кои го поддржаа овој Закон и смета дека огромното мнозинство во Собранието покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики. Нема веќе простор за криминални структури и за политичари кои поддржуваат криминални интереси.

– Тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата – изгубија! Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја. Правда ќе има, правдата доаѓа – порача Николовски.

– Затоа, ве повикувам денеска со почеток во 18 часот да се приклучите на Маршот „Чекориме за правда“.
Тргнуваме од Собранието – и завршуваме пред комплексот судови – таму ја упатуваме нашата порака. Следува прочистување на правосудството. Тоа имаме да порачаме и за тоа бараме поддршка, од вас од граѓаните! Ве повикувам сите праведољубиви граѓани, да ни се приклучите. Се гледаме во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда!

Next Post

Македонската државјанка која беше во карантин во Франција нема коронавирус и е вратена во државава

НАЈНОВО

Скриншот

Се урна седумкатна зграда во турскиот град Гебзе

October 29, 2025

Концерт на Национален џез оркестар и „Yellowjackets“

October 29, 2025

Д-р Трајановски: Поддршка за младите претприемачи – грантови до 4.000 евра за стартапи во Аеродром

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk