ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фестивалот „Пиво Фест – Прилеп“ нема да се одржи

June 28, 2023 16:13
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Организаторите на Пиво Фест, во обава на Фејсбук информираат дека годинава нема да се одржи фестивалот на пивото во Прилеп.

„Почитувани Прилепчани и пошироката јавност. Сакаме да Ве информираме дека овогодинешното јубилејно издание на ,,ПИВО ФЕСТ,, Прилеп 2023 се одлага за следната 2024 год, со нова локација, концепт и содржина на програмата“, се наведува во објавата.

Образложението го пренесуваме во целост

„На состанокот одржан од Стопанската комора на Прилеп, Општина Прилеп и бизнис фелата донесена е одлука, ,,ПИВО ФЕСТ ,, Прилеп 2023, дека нема да се подржи и одржи. Додека пак советот на Општина Прилеп на седницата од 22.06. 2023 донесе одлука за доделување на локација за реализација на ,,ПИВО ФЕСТ,, 2023 Прилеп. ( Прашањето е за што се носи одлука за доделување на локација кога предходно Стопанската комора и бизнис секторот донеле одлука со намера да не се подржи и одржи фестивалот?? ) За жал оваа седница е доцна одржана и одлуката за доделување на локација за организација и реализација на фестивалот е ПРЕДОЦНА донесена. Со оглед на навремено поднесените барања од страна на Фестивалот на 17.11. 2022 и во Април 2023 до Општината за организација и локација на ,,ПИВО ФЕСТ,, 2023 се уште нема официјално известување до Фестивалот до ден денес. Со оглед на сите овие горе наведени причини ,,ПИВО ФЕСТ ,, Прилеп 2023 год. спречен е да се одржи. Се извинуваме до Прилепчани и пошироката јавност, се гледаме во 2024 со нова локација, нов концепт и нова програма на ,,ПИВО ФЕСТ,, 2024, ВЕ ОСТАВАМЕ ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ. Со почит Здружение Интернационален Фестивал за пиво и скара ,, Пиво Фест ,, од 2003 Прилеп“, се наведува во образложението.

Со соопштение излегоа и од Општина Прилеп

„До овој момент во Општина Прилеп доставено е само едно барање од Здружение, кое што се пријави како потенцијален организатор за овој Фестивал. Истото тоа здружение нема предвидено јасна финансиска конструкција ниту програма за реализација која што ќе гарантира професионална организација на настан од вакви размери. Би сакале да појасниме дека Општина Прилеп никогаш во минатото не била организатор туку само поддржувач на вакви манифестации што е случај и оваа година. Општина Прилеп и оваа 2023 година има предвидено да ја поддржи манифестацијата со 1 милион денари од Буџетот наменет за култура, кој што годинава изнесува 4 милиони денари. Локалната самоуправа на општина Прилеп останува на ставот дека манифестацијата треба да се одржи, бидејќи фестивалот на пивото и скарата има културен, економски и туристички бенефит за градот. Но недоволната поддршка за организација на годинешниот фестивал од повеќе фактори до овој момент, влијае на одлуката за одржување или одложување на манифестацијата. Нашата цел како Општина Прилеп е да имаме квалитетен фестивал со богата музичка понуда и содржини, па поради тоа сметаме дека треба да бидат исполнети сите предуслови за неговa беспрекорна организација и одржување“, истакнуваат од Општина Прилеп.
Tags: Пиво фестПрилеп
Next Post

Нотарската комора ги демантира изнесените реакции против нотари од австрискиот амбасадор

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk