ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Маричиќ во Данска: Копенхашките критериуми најдобар начин за реформирање, нека останат единствен услов за напредок кон ЕУ

June 28, 2023 18:09
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Маричиќ во Данска: Копенхашките критериуми најдобар начин за реформирање, нека останат единствен услов за напредок кон ЕУ

Маричиќ во Данска: Копенхашките критериуми најдобар начин за реформирање, нека останат единствен услов за напредок кон ЕУ

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на покана на министерот за надворешни работи на Кралството Данска и поранешен премиер, Ларс Локе Расмусен, денеска учествуваше на Конференцијата по повод 30-годишнината од Копенхашки критериуми, на панелот посветен на земјите кандидатки за членство во ЕУ, нивните предизвици за напредување на евроинтегративниот пат.

Маричиќ во своето излагање рече дека Копенхашките критериуми се реално најдоброто средство за одбрана од популизмот на Западен Балкан и најдобар начин за трансформација на нашите општества.

„Копенхашките критериуми се главниот водич кој го имаме во преговорите за пристапување ЕУ и за трансформацијата на нашите општества. Сметам дека токму Копенхашките критериуми ѝ помогнаа на мојата земја во тешкиот период на политички кризи, од 2014 до 2017 година, бидејќи токму тие критериуми беа вградени во нашиот системот и во нашиот Устав многу повеќе и посуштински од претходно“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека во овој момент треба да се даде значење и да нè интересираат критериумите кои не се дел од оригиналната верзија на Копенхашките критериуми, а тука Маричиќ ги спомена капацитетот за апсорпција и важноста на геополитиката, потенцирајќи дека Западен Балкан не е дел од ЕУ сè уште бидејќи е опкружен од ЕУ земји и поради тоа што не излегува на Црното море и не се граничи со Русија.

„Капацитетите за апсорпција, геостратешката важност и отворените прашања со соседните земји се чини дека се поважни од Копенхашките критериуми. Ова е нешто за кое мораме да бидеме искрени и отворени за следното проширување“, порача Маричиќ пред високите поранешни и актуелни дански политичари.

На панелот на тема: „Улогата на Копенхашките критериуми во реформските процеси на Западен Балкан“, на кој говорници беа и Тања Мишчевиќ, заменик министерката на Албанија, Меги Фино и Михаела Матуела, директорката на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија, панелистите се осврнаа на улогата на Копенхашките критериуми во водењето на ЕУ интеграциски процес од перспектива на земјите од Западен Балкан, со фокус на предизвиците во текот на процес на реализација на реформите, неопходни за исполнување на критериумите од Копенхаген, можностите за напредување и различните сценарија за тоа како најдобро и најбрзо да се стигне до членство во ЕУ.

Tags: ДанскаМаричиќ
Next Post
Столтенберг на прес-конференција

Столтенберг организира средба за да ја убеди Турција за членството на Шведска во НАТО

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk