„Со новиот изборен закон мора да се воведе задолжителен психијатриски преглед за „лидерите“ на секоја политичка партија! До каде отиде вечерва во додворувањето кон американците лидерот на ВМРО-ДПМНЕ!“, реагира шефот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски на интервјуто на Мицкоски за Канал 5.
Предлага да ја примиме Украина во НАТО, да го активираме член 4 и да влеземе со војска во Украина на фронт со Русија. Какво увлекување, поголем Католик од Папата‼️
Америкаците внимаваат со реториката за влегување во војна со Русија, а тој диретно ќе војувал и предлага да испратиме наша, македонска војска‼️
Што да испраќаме војска нека оди тој како доброволец. Не е престарен има 45 години. Во кондиција е, секој ден ака по Водно, очекувам дека ќе го распределат во јуришна бригада да го форсира Дњепар зошто не може да потоне оти е многу лесен“, додаде Јакимовски.