ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерот Азир Алиу во Брисел го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“ со ЕУ

July 2, 2023 12:30
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Министерот Азир Алиу во Брисел го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“ со ЕУ

Министерот Азир Алиу во Брисел го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“ со ЕУ

Во Брисел беше потпишан Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“.

Договорот го потпишаа министерот на Министерството за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската Комисија.

За време на церемонијата на потпишување на договорот, министерот Алиу им се заблагодари на ЕУ за поддршката што и ја дава на нашата земја:

„Денес нашите партнери, кои застанаа покрај нас за време на дигиталната револуција и предизвикувачките реформи, ја ценат посветеноста на Министерството за информатичко општество и администрација, за ова значајно достигнување, дигиталната трансформација што донесе транспарентност на јавната администрација преку дигитализацијата на јавните услуги.

Нашата Влада останува решена да ја продолжи дигиталната трансформација со барањата и параметрите на ЕУ.

Овој важен договор ја покажува посветеноста на Северна Македонија за унапредување на дигиталната инфраструктура и прифаќање на можностите на дигиталната ера.

Програмата „Дигитална Европа“ ќе обезбеди стратешко финансирање за одговор на овие предизвици, поддржувајќи проекти во пет клучни области на капацитет: во суперкомпјутер, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување на широка употреба на дигитални технологии во економијата и општеството, вклучително и Дигитални иновативни центри“,  изјави министерот Алиу.

Инаку, министерот Азир Алиу е во тридневна официјална посета на Брисел, каде оствари низа значајни средби.

Tags: „Дигитална Европа“АЗИР АЛИУЕУпрограма
Next Post
СДСМ

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

НАЈНОВО

Поскапуваат горивата

August 25, 2025

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

August 25, 2025

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четворица новинари во израелските воздушни напади врз Газа

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk