Министерот за здравство Фатмир Меџити, заедно со францускиот амбасадор Сирил Баумгартнер, директорот на Тесалис, Микел Лозано и со директорите на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети и Центарот за јавно здравје -Скопје, Бесим Зеќири присуствуваа на предавање во употреба на автоклав со дробење за третман на медицински инфективен отпад.
Како што е објавено на Фејсбук страницата на министерот за здравство, на овој начин значително се унапредува управувањето со биолошки отпад на местото на создавање во рамки на Институтот за јавно здравје.
-Голема благодарност за донацијата, обезбедена преку Амбасадата на Република Франција за иновативниот „Јаглеродно неутрален систем за третман на сопствен медицински инфективен отпад“. Како Министерство за здравство продолжуваме со зајакнување на јавното здравство и опременоста на ЈЗУ, ова е наш најважен приоритет, напиша Меџити на Фејсбук.