„Нискиот и недоличен речник на Христијан Мицкоски, како и ниското ниво на комуникација на ДПМНЕ, полни со лични навреди и несоодветни лични квалификации најдобро ја покажува состојбата и очајот во којашто се наоѓа оваа партија и самиот тој“, реагираат од СДСМ.
„Да се споменуваат во ваков контекст возрасни личности кои не се инволвирани во политичкиот живот во земјава и да се омаловажуваат само заради очајот на еден човек е срамно и недолично.
Исто како и односот кон неговите коалициски партнери кој видовме како го манифестира Мицкоски.
Очигледно е дека нискиот речник којшто го користат и пратениците на ДПМНЕ во македонското Собрание е по налог и директива на Мицкоски.
За жал ова е показател за ниското ниво на политичка култура којашто владее во опозициската ДПМНЕ.
СДСМ е над ова ниско ниво на опозициската ДПМНЕ. СДСМ и претседателот Ковачевски нема да дозволат некултура да доминира на македонската политичка сцена“, се додава во реакцијата.