ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Преку вклучување на жените до економски раст повисок за 30%

July 7, 2023 10:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на панел-дискусијата под наслов „Жени лидери” којашто ја отвори претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) во Љубљана, Словенија. „За економски развој не е доволен само економскиот раст. Потребно е да се расте паметно, одржливо и инклузивно. Човековиот капитал, како од аспект на неговиот квантитет, така и од аспект на неговиот квалитет, е клучен за остварувањето на овие цели. Поголемата вклученост на жените во работната сила може да придонесе за побрз и поинклузивен економски раст, којшто може да е повисок и до 30% во економиите во развој, имајќи го предвид вклучувањето дополнителна работна сила на пазарот на труд. Исто така, според истражувањата во оваа сфера, за тоа придонесуваат и посебните карактеристики и вештини со кои вообичаено располагаат жените како работнички, како повисоката одбивност кон ризик, прагматичноста, емпатијата и др.” Ова се дел од пораките од учеството на гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска на собирот од високо ниво. Настанот е во рамките на проектот „Ние водиме”, поддржан од ЕУ, којшто е наменет за поддршка на млади професионалци во регионот на Западен Балкан. На панел-дискусијата учествуваа и министерката за стандарди и услуги на Албанија, извршната директорката на Центарот за европски политики во Србија и директорката на ЦЕФ.

Во своето излагање, гувернерката посочи дека родовата нееднаквост сѐ уште претставува еден од клучните глобални предизвици, којшто по пандемијата стана уште поизразен. Притоа истакна: „ Во глобални рамки пандемијата доведе до укинување на 54 милиони работни места пополнети од жени, со што се намали стапката на учество на жените во работната сила на 47% и се зголеми јазот во однос на мажите, чија стапка на учество во работната сила е 70%. Во македонската економија учеството на жените во работната сила е околу 40%, додека оние жени кои се активни се помалку застапени на раководните позиции и се платени помалку од мажите за 20%.” Гувернерката нагласи дека сепак постојат и добри примери во нашето општество, како Народната банка, каде што 71% од раководните позиции во институцијата се пополнети од жени.

„Заради побрза конвергенција кон ЕУ, и покрај тековните предизвици, потребно е да не се оддалечуваме од решавањето на структурните прашања, применувајќи реформи со кои ќе се подобри нашиот потенцијал за раст и коишто ќе нѐ приближат кон европското семејство”, посочи Ангеловска-Бежоска. За тоа ни е неопходна и поголема вклученост на жените во општеството којашто може да се постигне преку холистички пристап на креаторите на политиките.

Tags: Ангеловска-БежоскажениНБ
Next Post
Урсула фон дер Лајен

Фон дер Лајен: Да ја направиме Европа лидер во дигиталните технологии

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Фото: илустрација Фронтлајн

Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

May 14, 2026
Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 14 мај 2026: Фаза на материјализација и стабилност

May 13, 2026

„Авалон продукција“ објави детали за влезниците за „David Guetta“ за 8. Септември

May 13, 2026

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата „8-ми Септември”

May 13, 2026

СДСМ бара итна оставка од јавниот обвинител Савески: Мицкоски му диктира задачи и врши притисок

May 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk