ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Јавна расправа за Предлог законот за култура – дел од забелешките околу децентрализација на институциите и стручните звања

July 7, 2023 13:02
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во НУ Кинотека денеска се одржа јавна расправа за новиот Предлог закон за култура. Како што информираше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, законот се работеше од 2017 година и со него се очекува да се постигне современа правна рамка, која ќе биде основа за развој и унапредување на условите за ументичко творење и за заштита на културното наследство.

-Нормирањето на културата ги засега сите субјекти што ја остваруваат културата и оттука од исклучитена важност е и текстот на законот да го утврдиме заеднички, во конструктивна дебата, размена на мислења, аргументи и искуства. Културата е простор каде што креативните групи или поединци дејствуваат и го движат општеството кон подемократска свест. Затоа Северна Македонија го следи принципот на регулирање на културата на земјите членки на ЕУ, рече Костадиновска Стојчевска во своето обраќање на расправата.

Како што додаде, Предлог-законот го изготвија Министерството за култура, експерти од областа на културата, на културните политики и на менаџментот, претставници од независната културна сцена, претставници од организаторите на настани (ивент-индустријата), претставници од двата репрезентативни синдикати во културата – СОНК и СКРМ и вработени во установите од областа на културата.

Членот на Работната група, директорот на Кинотеката Владимир Ангелов информираше дека со Предлог законот се даваат можности и лицата кои вршат стручни работи во културата во вид на занимање како менаџери, куратори, да можат да се стекнат со правото на поволнисти како самостојни уметници.

Тој образложувајќи го законот на денешната расправа рече дека во посебна глава во законот е уредено финансирањето на јавниот интерес во културата, како еден од клучните сегменти во реформата во културата, со што ќе се овозможи поотчетно и потранспарентно финансирање на проектите и работата на установите во областа на културата.

Додаде дека како клучни прашања кои се утврдени се донесување на годишен план за финансирање во културата, со кој ќе се остварат приоритетите за финансирање на културата наредната година и како новина, донесување на план на финансирање на заштитата на културното наследство за период од пет години.

-Националните установи како и до сега да доставуваат годишна програма за работа со која министерот за култура ќе биде вклучен за финансирање на годишната програма и како новина е утврдена обврската годишната програма за работа на националните установи од областа на заштитата на културното наследство, задолжително да содржи најмалку еден проект што ќе биде реализиран во партнерство, односно во продукција со уметници, културни работници, самостојни ументици, здруженија и или фондации од областа на културата, рече Ангелов.

Тој напомена дека новина во законот меѓудругото е министерот за култура да може да склучи посебен договор или програма за повеќегодишно финансирање на одреден проект или активност на национална установа во согласност со законот за буџетите.

Со Предлог законот, како што додаде, е утврдена и можноста врз основа на конкурс да се склучи договор за период од три години за финансирање програми, односно проекти на приватни установи, здруженија и фондации на други правни лица чиј основач не е Северна Македонија.

Вера Атанасовска од СКРМ кој учествуваше во работната група за изготвување на овој Предлог закон, за време на расправата рече дека главните забелешки на овој Предлог закон се околу децентрализација на националните институции, но и во однос на стручните звања во заштитата на културно наследство.

-Имаме забелешки и во однос на стручните звања во заштитата на културно наследство, значи начинот на добивање и стекнување на стручно звање и распоредување на вработените на соодветно стручно звање, бидејќи знаеме дека добивањето на стручното звање не е само работно место туку и поголеми работни обврски и водење на проекти, а во државата недостасува таков кадар. Затоа сакаме со овој закон да се доуредат тие работи да може луѓето кои ќе добијат стручно звање соодветно да им се валоририза трудот, рече Атанасовска.

Јелисавета Костадиновска од Универзитетската библиотека „Св Климент Охридски“ од Скопје рече дека нејзината забелешка е за членот 76, каде што на давателите на услуги се регулира давањето на звања.

-Ние се вработуваме како библиотекари, и потоа добиваме звања. Сметаме дека критериумите кои се одредени во законот се малку благи. За да станете виш библиотекар треба да имате три години работно искуство, што сметам дека е многу малку, додаде Костадиновска.

Tags: Бисера Костадиновска Стојчевскајавна расправаПредлог закон за култура
Next Post

Грчев: „Скопје 2014“ како Холокауст туризам, луѓето да видат што не треба никогаш да се повтори

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk