ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ѓурчиновски-Вeчиарели: Соработката на армиите продолжува во сите полиња и во формат на сојузници

– Полноправното членство во НАТО е прашање на денови, а со тоа ќе се зголемат нашите можности за соработка. Со членството во НАТО добивате нов сојузник на кој може да сметате, рекла министерката Шекеринска.

February 18, 2020 13:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, генерал Енцо Вечиарели, на покана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.

Генералот Вечиарели, по пречекот со високи воени почести оствари средби со својот домаќин, генералот Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

На средбата, како што соопшти денеска канцеларијата за односи со јавноста во ГШ на Армијата, министерката Шекеринскa изразила полна поддршка за развој на соработката меѓу двете армии, која со членството на Северна Македонија во НАТО, прераснува во сојузничка.

– Полноправното членство во НАТО е прашање на денови, а со тоа ќе се зголемат нашите можности за соработка. Со членството во НАТО добивате нов сојузник на кој може да сметате, рекла министерката Шекеринска.

На состанокот во Генералштабот, покрај презентирање на мисијата и актуелните процеси кои се одвиваат во Армијата се разговарало на теми поврзани со процесите на интеграција и стандардизација по полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, како и разгледување на можностите за интензивирање на меѓусебната воена соработка и учеството во мировни мисии.

За време на официјалните разговори, генералот Ѓурчиновски изразил благодарност за посетата и континуираната поддршка што доаѓа во еден важен период за нас, кога, подвлекол, очекуваме полноправно членство во НАТО и со полн интензитет се спроведува процесот на трансформација на нашата Армија со цел потполна интеграција во НАТО структурата.

Генералот Вечиарели истакнувајќи дека соработката помеѓу нашите армии е особено значајна, нагласил дека соработката и поддршката ќе продолжат во сите полиња и во формат на сојузници. Тој изразил уверување дека Република Северна Македонија ќе има значајна улога за безбедноста на регионот и пошироко.

По средбите во Генералштабот и посетата на Канцеларијата за врски на НАТО, генералот Вечиарели во придружба на генералот Ѓурчиновски, оствари средба со претседателот и врховен командант на вооружените сили на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Посетата на највисоко ниво од страна на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, која е меѓу најголемите и највлијателни земји на НАТО во Европа, покрај зајакнување на меѓусебните релации на воен план, претставува искажана доверба и признание за достигнатите стандарди во обученоста и интероперабилноста на Армијата на Република Северна Македонија со армиите на земјите членки на НАТО. Како што стои во соопштението, покрај поддршката во областа на военото образование и обука од страна на ВС на Република Италија, од минатата година двајца наши припадници, штабни офицери, со кои го зголемивме учеството во мисијата „Унфил“, на Обединетите Нации во Либан, извршуваат задачи во состав на италијанскиот контингент.

Next Post

Скопје домаќин на меѓународен турнир во уметничко лизгање

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk