Речиси 11.000 луѓе во Англија се хоспитализирани за една година поради неисхранетост, а лекарите предупредуваат дека падот на куповната моќ доведе до зголемување на „викторијанските болести“ како скорбут и рахитис.
Според податоците на лондонски „Тајмс“, од април минатата година до април оваа година, 10.896 пациенти, од кои 312 биле деца, биле хоспитализирани во јавните здравствени установи во Англија поради некаква форма на неисхранетост, што е речиси двојно повеќе од пред 10 години.
Весникот наведува дека 171 лице се хоспитализирани поради скорбут, болест предизвикана од недостиг на витамин Ц, додека 482 лица се лекуваат од рахитис, од кои 405 се деца, болест предизвикана од недостиг на витамин Д.