Три години наназад ВМРО-ДПМНЕ на секаков начин и во секоја прилика се обидува да ги прекине, да пречи понатамошно да се одвиваат случаите во судовите кои што се започнати од страна на СЈО се преземени од страна на ОЈО, потенцираше министерсот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
Тој додаде дека тоа најдобро се гледало деновиве со Законот за јавно обвинителство.
,„Конкренто, за сега, за сегашната ситуација јасно и експлицитно, погласно, поконкретно никогаш не ни кажале дека овој закон нѝ беше услов за да може некој од ЕУ воопшто да прави муабет со нас за нешто понатака. Со честитки и поздравување за носењето на законот веднаш од кога се донесе излегоа американската влада, ЕК и ред други влади од членки земји на ЕУ, исто така и го поздравија веднаш како многу позитивен чекор напред во владеењето на правото и во европската интеграција, само ВМРО-ДПМНЕ остана против, заклучи Манчевски.





