ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕИБ Глобално отклучува инвестиција на ЕУ од 100 милиони евра за поттикнување на зелената трансформација на МСП

July 17, 2023 10:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Во соработка со Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) и локалните комерцијални банки, ЕИБ Глобално, огранокот на Европската инвестициска банка за активности надвор од Европската Унија, ќе обезбеди 100 милиони евра за поттикнување на развојот и зелената транзиција на малите и средни претпријатија (МСП) и претпријатијата со среден пазарен капитал во земјата. Средствата ќе ги решат потребите за ликвидност и инвестиции на локалните бизниси и ќе финансираат проекти за енергија и зелена транзиција. На овој начин, новото финансирање ќе го поддржи климатски отпорниот раст со ниска емисија на јаглерод во Северна Македонија, во согласност со Економскиот и инвестицискиот план и Зелената агенда за Западен Балкан на Европската Унија.

Заменик-претседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, одговорна за операциите во Северна Македонија, рече: „Тековните енергетски и економски кризи дополнително ги влошуваат финансиите на локалните компании, коишто и онака се веќе ограничени во поглед на кредитите. Подобрениот пристап до финансии за МСП и стабилноста на банкарскиот сектор се приоритети за економскиот раст, отворањето работни места и конкурентноста. Имајќи го ова предвид, нашата кредитна линија ги поддржува и климатските цели на земјата и растот на МСП. И двете се клучни за да се обезбеди одржлив економски развој и просперитет во поширокиот регион.”

Средствата се дел од групата мерки усвоени од Владата на Северна Македонија во 2022 г. за поддршка на домаќинствата и бизнисите во услови на економско забавување и енергетската криза. Во следните месеци ќе биде потпишана дополнителна техничка помош за поддршка на РБСМ, локалните комерцијални банки и македонските компании во нивните зелени финансиски амбиции.

Министерот за финансии Фатмир Бесими оцени дека ова е поддршка што има континуитет и која доаѓа во вистински момент за да се поддржат компаниите во време на предизвици од енергетската криза, како и подддршка за планот за енергетска транзиција на земјата.

„Ова се нови 100 милиони евра свеж капитал кој ќе бидат вбризгани во домашната економија и ќе дадат поддршка за ликвидноста на компаниите и инвестиции во обновливи извори на енергија, кои ќе им обезбедат стабилност во работењето и стабилност и снабдување со електрична енергија од сопствени извори. Тоа е процес кој успешно го спроведуваме заедно со Европската инвестициска банка, Развојната банка и комерцијалните банки во земјава”, рече министерот Бесими.

Ова е седми договор за соработка помеѓу РБСМ и ЕИБ. Со претходните шест договори за соработка беа доделени 550 милиони евра за поддршка на 2.362 локални компании. Ова е прва заедничка кредитна линија на банките со компонента за климатска акција и еколошка одржливост, чија цел е поддршка на зелената трансформација на локалната економија.

Главниот извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов, изјави: „Благодарение на активната улога и постојаната поддршка на Европската инвестициска банка, успеавме да продолжиме со реализација на позитивното влијание на финансиските ресурси на ЕУ врз економскиот раст, создавањето нови работни места, зелената и дигиталната транзиција во земјата. Со седмиот договорот за соработка со ЕИБ, РБСМ ќе продолжи да ги поддржува малите и средните претпријатија и да ја зајакнува својата улога во поддршката на зеленото финансирање.”

Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир, истакна: „Оваа кредитна линија ќе ги поддржи инвестициите на приватниот сектор во енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и кружната економија. Таа ќе обезбеди можности за економски развој на Северна Македонија, притоа придонесувајќи за одржлива иднина со нето нула јаглерод. Поконкретно, оваа зелена кредитна линија, промовирана од ЕУ и ЕИБ заедно, ќе им помогне на македонските мали и средни компании да станат поконкурентни и иновативни во контекст на денешната брза зелена транзиција. ” 

ЕИБ Глобално има инвестирано 212 милиони евра во приватниот сектор во земјата од 2019 г. Банката сака да мобилизира дополнителни инвестиции за развој на приватниот сектор во Северна Македонија во рамките на Европскиот фонд за одржлив развој плус (EFSD+) и најновите гарантни капацитети на ЕУ коишто поттикнуваат зелени инвестиции, иновации и дигитална транзиција во регионот.

Tags: ЕИБ ГлобалноРБСМСеверна Македонија
Next Post

Во Радовиш заврши изградбата на патот кој ги поврзува сите патни правци кон планината Плачковица

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

August 24, 2025

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Канадскиот премиер Карни пристигна во Кијив

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk