ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општина Струга од морални причини забранила движење со костими за капење низ чаршијата

July 17, 2023 14:50
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Забраната за движење по костими за капење низ центарот на Струга, односно од Чаршискиот мост до Градскиот пазар, била донесена заради морални и етички причини и почит кон бизнисот и граѓаните, информира Општина Струга.

Таквата одлука, како што посочија за МИА, произлегла од редовните средби со Комисијата за превенција пред туристичката сезона на која се дискутира за повеќе теми.

– На една од средбите покрај редовните точки беше дискутирано и за темата за носење костими за капење на јавни места. Темата беше начната како последица на повеќе пријави од страна на граѓани, кои ја изразуваат својата загриженост за движењето по чаршијата и продавниците во центарот на градот по костими за капење. Заради морални и етички причини и почит кон бизнисите и граѓаните, кои тука се движат со своите семејства превземавме мерки за предупредување при движењето по костими за капење, стои во одговорот на општинската прес-служба за причините од кои произлегла одлуката.

Од правен аспект пак, според адвокатот и член на Советот на Општина Струга Ален Деребан, немало основ за поставување сообраќајни знаци, ниту за санкционирање.

– Советот носи годишни програми и во нив има предвидено на кои места како се уредува со сообраќаен знак. Во овој случај Советот нема донесено одлука за поставување на тие знаци. Нема ниту правна основа за нивно поставување, ниту пак за санкционирање при непочитување, вели Деребан.

Општина Струга пред пет дена на официјалната фејсбук страница објави дека се забранува шетање во костими за капење низ централното градско подрачје и ги замоли гостите и туристите да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.

Tags: Костими за капењеОпштина Струга
Next Post

ДСЗИ нема добиено известување за случајот со починатото новороденче во Битола

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk