ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вајмарската тројка во Собранието: Уставните измени се единствен предуслов за отворање на преговарачките поглавја

July 18, 2023 15:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери, заедно со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи на СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ, Алијанса за Албанците и претставници на политичките партии Алтернатива и БЕСА, денеска се сретнаа со Ана Лирман, министерка за Европа на Сојузна Република Германија, Лоренс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Француската Република и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за европски прашања на Република Полска.

Како што соопшти собраниската прес-служба, претседателот на законодавскиот дом Џафери ја поздрави оваа посета во вистински момент и ја повтори посветеноста на нашата земја за остварувањето на стратешките цели за членство во ЕУ.

-Соговорниците беа информирани за актуелните активности во Собранието во контекст на овие цели, особено за целосната усогласеност со позициите на надворешната и безбедносна политика на ЕУ и преземените чекори во однос на Украина, тековниот процес за скрининг по усвојување на преговарачката рамка, минатата година. Во поглед на процесот на уставни измени кои се единствен предуслов за отворање на преговарачките поглавја, беше истакнато дека во моментов во Собранието нема потребно мнозинство за нивно спроведување, се наведува во соопштението.

Министерката Бун, се посочува, ја искажа поддршката која постои во Европската унија за процесот на проширување и интересот за унапредување на интегративниот пат на земјите од целиот регион во Унијата што ќе придонесе за поголема стабилност и безбедност на европскиот континент.

-Оваа променета реалност и овој прозорец на можности кои се актуелно создадени, треба максимално да се искористат, имајќи го предвид фактот дека следната година се европските избори и истите ќе направат одреден застој доколку некои процеси не се завршат до крајот на оваа година, навела министерката Бун.

Министерот Шинковски, се наведува, информираше за историското минато на трите земји, несогласувањата и проблемите со кои се соочувале во минатото, но и за единствената нивна поддршка на процесот на проширување и обединување. Ги потенцираше четирите приоритети на идното полско претседавање со Советот на ЕУ, меѓу кои ќе биде и процесот на проширување со конкретни активности.

Министерката Лирман, пак, нагласи дека во овој момент, партиските интереси не треба да одат над стратешките интереси на државата, повторувајќи дека преговарачката рамка која е усвоена од страна на земјите членки на ЕУ нема да се менува и истата претставува основа за процесот на преговори на Република Северна Македонија, како и дека нема нови барања и нови предуслови за отворање на преговарачките поглавја, освен донесувањето на уставните измени. На крајот, ја потенцираше Резолуцијата донесена од страна на германскиот Бундестаг за поддршка на национални интереси на Република Северна Македонија.

-Присутните на средбата изразија различни гледишта во однос на донесувањето на уставните измени, но преовладуваше согласност за нивно донесување, со исклучок на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Истовремено, беше побарана поголема поддршка и гаранции од европските партнери за процесот на преговори за спречување на нови барања од страна на Република Бугарија, стои во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Вајмарска тројкаСобраниеЏафери

НАЈНОВО

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници

May 24, 2025

(ВИДЕО) Клоп не е задоволен од критиките на навивачите на Ливерпул кон Трент

May 24, 2025

Салах прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Тендер на Тошковски од четири милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk