ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонска фирма меѓу четири странски компании кои САД ги додадоа на листата на ентитети за злонамерни кибер активности

July 18, 2023 22:09
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Фото: foreignpolicy.com

Фото: foreignpolicy.com

Американската Влада додаде четири странски комерцијални шпионски ентитети на листата за трговски рестрикции заради ангажирање во активности спротивни на националната безбедност или надворешнополитичките интереси на САД, меѓу кои е и фирмата Сајтрокс АД од Северна Македонија.

Останатите три фирми се Интелекса С.А. од Грција, Интелекса Лимитед од Ирска и Сајтрокс Холдингс Црт од Унгарија, соопшти Стејт департментот.

Овие компании биле додадени на листата на ентитети врз основа на утврдување дека се занимаваат со трговија со кибер-експлоатации со цел да добијат пристап до информациски системи, доведувајќи ја во опасност приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.

Пролиферацијата на комерцијален шпионски софтвер носи посебни и растечки контраразузнавачки и безбедносни ризици за САД, вклучително и за безбедноста на персоналот на американската Влада и нивните семејства, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Злоупотребата на овие алатки на глобално ниво, исто така, ја олеснува репресијата и овозможува кршење на човековите права, вклучително и заплашување на политичките противници и ограничување на несогласувањето, ограничување на слободата на изразување и следење и таргетирање на активисти и новинари.

Стејт департментот посочи дека денешната акција е дел од напорите да се спротивстави на ризиците од комерцијалниот шпионски софтвер.

Овие активности ја демонстрираат континуираната посветеност и лидерството на САД во борбата против злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер и друга технологија за надзор. Тие го надополнуваат двопартиското законодавство на американскиот Конгрес со цел да се спречи ширењето и злоупотребата на овие алатки. Како дел од својата посветеност да ги стави човековите права во центарот на надворешната политика на земјата, САД работат на спротивставување на ширењето и злоупотребата на дигиталните алатки што се користат за репресија. Овој напор е насочен кон подобрување на дигиталната безбедност на граѓаните, борба против кибер заканите и отстранување на незаконскиот надзор.

Г. Т.

Tags: кибер безбедностмакедонска фирмаСАДСајтрокс АДСтејт департментцрна листа
Next Post

Македонска компанија под американски санкции за шпионажа

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk