На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 178, мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон при возење, седум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.