Преку бројот 112 за итни случаи до жителите на четири села во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, попладнево беше испратена порака за превентивно да се евакуираат, откако повторно се разгоре пожарот што избувна во понеделникот, јави дописничката на МИА од Атина.
Утрово беа активни неколку жаришта, меѓутоа ситуацијата беше под контрола, сè до попладнево кога одново се разгореа и пожарот повторно зазема големи размери.
Огнените јазици стигнале и до неколку домови.
Пожарот се гасне како од копно, така и од воздух со авиони и хеликоптери.