ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од „царот Путин“ до „колективниот Путин“

Путин, поединецот, беше бесен и понижен од предавството на „Вагнер“ и се појави на телевизија за да вети „сурова пресметка“. Но, „колективниот Путин“ заклучи дека би било поразумно да се преговара со бунтовниците за да се најде стратегија за излез од ситуацијата

July 22, 2023 11:54
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ

Пишува: ИВАН КРАСТЕВ

Тоа беше незаборавен политички спектакл. На 21 февруари 2022 година, во пресрет на целосната војна на Русија против Украина, претседателот Владимир Путин претседаваше со телевизиски состанок во живо на Советот за национална безбедност на Русија. За време на состанокот тој побара од членовите на Советот да се изјаснат дали го поддржуваат предлогот Москва да ја признае независноста на сепаратистичките републики во Донбас. Специјално организираниот спектакл остави впечаток на осамен и пореметен крал, полн со презир кон неговите главни советници. Видовме како, исплашени од него, очајнички се обидуваа да му угодат. И, дека со задоволство ги понижува.

Одговорот на Кремљ на неодамнешната врева околу Евгениј Пригожин, шеф на платеничката група Вагнер, нѐ принудува да ја преиспитаме таа слика. Кризата не ја реши Путин, туку „колективниот Путин“ (меѓу другите и диктаторот на Белорусија, Александар Лукашенко). Путин, поединецот, беше бесен и понижен од предавството на „Вагнер“ и се појави на телевизија за да вети „сурова пресметка“. Но, „колективниот Путин“ заклучи дека би било поразумно да се преговара со бунтовниците за да се најде стратегија за излез од ситуацијата. А, денес веќе знаеме дека Путин на 29 јуни се сретна со Пригожин и со другите команданти на „Вагнер“. За човек опседнат со предавство ова беше тешко, горчливо апче за голтање.

Што се смени? Пред сè, односот меѓу Путин и руските елити. Денес тој се плаши од нив не помалку отколку тие од него. Се плаши не толку од нивниот глас колку од нивната желба за излез. Многу од неговите најблиски соработници лично го обвинуваат за моменталната состојба. Бидејќи токму желбата на Путин да ја искористи конкуренцијата меѓу „Вагнер“ и Министерството за одбрана, на крајот го овозможи преселувањето на „Вагнер“ во Москва.

Вистината на Пригожин ја откри една од главните противречности во кадровската политика на Путин. За да победи во војната на Путин му требаат амбициозни и немилосрдни лидери како шефот на „Вагнер“. Но, за да ја зачува својата моќ и да го обезбеди единството на елитите, тој мора да се потпре на нехаризматични личности како што се министерот за одбрана Сергеј Шојгу или началникот на Генералштабот, генерал Валери Герасимов. Стравот од „ефектот Жуков“ – појавата на популарен генерал како Георги Жуков, советскиот командант кој го зазеде нацистичкиот Берлин – објаснува зошто Пригожин мораше да замине. Во него општеството можеше да види алтернатива на Путин.

Тајната на колонијалните војни е дека тие можат да бидат успешни само ако луѓето заборават на нив. Војната на Путин не е поинаква. Неговото инсистирање дека борбите во Украина се само „специјална воена операција“, а не вистинска војна, беше обид да ги увери Русите дека ништо навистина не се променило во нивните животи. Платениците на „Вагнер“ ја урнаа фасадата на нормалноста толку важна за Кремљ. Одржувањето на животниот стандард повеќе не е доволно за да се убедат Русите дека немаат за што да се грижат.

Сите државни удари започнуваат со заговор. А, неуспешните државни удари завршуваат во параноја. Затоа, логично е да се очекуваат драматични промени на врвот на Кремљ. Но, овие очекувања можеби нема да се исполнат. Чистките на пониските нивоа на безбедносните служби се неизбежни, но не е јасно дали Кремљ ќе ризикува промени на врвот.

Во првата година од војната во Украина, промените на врвот на моќта во Москва беа неверојатно мали. И додека војните обично носат на власт амбициозни и често безмилосни лидери докажани во битка, од февруари 2022 година само две групи се издигнаа во хиерархијата на Путин. Синовите на неговите стари пријатели и неговите аѓутанти – накратко, оние кои се сметаа за лојални и кои водачот лично ги познаваше.

Желбата за стабилност ја надмина потребата за поефективно лидерство. Денес, по дебаклот со Пригожин, Путин е пред тежок избор. Би било тешко да се отфрли военото раководство на Русија без да се признае дека Пригожин бил во право. Но, тешко дека би ја добил војната со ова раководство. „Вагнеровата“ гужва ги зацврсти позициите на „колективниот Путин“.

Различните перцепции за немирите внатре и надвор од Русија фрлаат светлина врз некои од неговите непредвидени последици. Додека повеќето Руси беа ужаснати од изгледите за граѓанска војна, а рејтингот на Пригожин опадна, новиот консензус на Запад е дека секоја промена на моќта во Русија е можност, доколку секој друг лидер освен Путин, без разлика какви се неговите политички ставови, поверојатно може да ја запре војната. Би било самозаблуда да се види маршот на Пригожин кон Москва како предвесник на крајот на режимот на Путин. Но, би било подеднакво погрешно да се потцени неговата важност. Мешавината ја означува транзицијата на власта од царот Путин кон „колективниот Путин“.


Иван Крастeв e е политички научник, претседател на Центарот за либерални студии во Софија и предавач на Инситутот за хуманитарни науки во Виена. Овој негов текст е објавен во „Фајненшел тајмс“.

Извор: НЕЗАВИСЕН
Next Post

Кога некој сака да манипулира, става кожни гаќи

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk