ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

July 25, 2023 08:36
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер во Вила Билјана во Охрид ги врачи сертификатите на учесниците на третото издание на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност” што се одржа под негово покровителство.

Целта на проектот е стекнување и размена на високотехнолошките вештини кај млади луѓе од нашата земја и од македонската дијаспора, како и поттикнување на интересот за СТЕМ едукацијата и за кариерен развој во овие области. Темата на годинашниот камп е „Енергија – СУПЕР МОЌНОСТ “, со примарен фокус на одржливо справување со енергетските предизвици во реалниот свет користејќи Lego модели и Fable компоненти за решавање на реалните проблеми.

Годинава 25 учесници на возраст од 10-15 години имаа можност да ги надградат своите вештини за кодирање и роботика, и низ тимска работа да ги споделуваат своите идеи и стекнати искуства. Во еднонеделната наставна програма беа вклучени 12 учесници од Република Северна Македонија и 11 од дијаспората, Соединетите Американски Држави, Република Словенија, Република Кипар и Република Хрватска. Приоритет, и овој пат се даде на апликанти од социјално ранлива категорија, запазувајќи ја родовата, територијалната, рурално-урбаната застапеност и ентичката припадност.

Освен образовната компонента, кампот им овозможи на учесниците да создаваат нови контакти и пријателства, да ги истражуваат локалните природни убавини, нашето културно наследство и традиција.

Во рамки на свеченоста, споделувајќи ги впечатоците и вештините од годинашната обука учесниците имаа можност да ги презентираат реализираните проектни решенија.

Поздравувајќи го придонесот на организаторите и партнерите за успешната реализација на наставната програма, претседателот Пендаровски изрази задоволство за годинашниот зголемен број на учесници. Во таа насока ja нагласи вредноста на кампот кој континуирано им овозможува на младите да ги развиваат своите таленти и потенцијали, да ги реализираат визиите и плановите, но и да комуницираат и стекнуваат пријателства.

Програмата е организирана од Македонија 2025, а во партнерство со Амбасадата на САД во Северна Македонија, Млади Инженери, МАСИТ, Brainster, iSourse, Охридско лето, Алкалоид, Триглав осигурување, Костал, itLabs, Винчини, Бар&Брекфаст, Фруктал и други индивидуални поддржувачи од земјава и од дијаспората.

Пред почетокот на свеченоста на врачување на сертификатите, учесниците имаа можност да ја разгледаат претседателската „Вила Билјана” и подетално да се запознаат со историјатот и нејзината намена, да ги посетат работните простории на претседателот Пендаровски, да се информираат за неговата работа, активности и надлежности.

Tags: „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“Пендаровски
Next Post

Инклузивен Џудо Прирачник со Адаптирани џудо теники за лица со интелектуална попреченост

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk