Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино, откри дека напаѓачот Лионел Меси и играчот од средниот ред Серхи Бускетс најверојатно ќе бидат во почетниот состав на натпреварот од Лига Купот против Атланта.
– Можно е, ако поминат повеќе минути на теренот, тоа ќе влијае на состојбата на тимот. И, најверојатно, ќе бидат во составот од самиот почеток. Сепак, сè ќе зависи од нивната состојба, изјави Мартино за „The Athletic“.
Вечер во 1:30 по полноќ, екипата од Флорида ќе се соочи со Атланта во Лига купот.
Меси дебитираше за Интер Мајами на 22 јули во натпреварот против Круз Азул (2:1) во Лига купот. Тој влезе како замена и го постигна побеничкиот гол во 90+4 минута.