ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Директорот на БЈБ во посета на СВР Струмица и ОВР Радовиш во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“

July 25, 2023 18:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски денеска во рамки на реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“ заедно со стратешката група при БЈБ, беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи Струмица и Одделението за внатрешни работи Радовиш, при што оствари средба со раководствата на овие организациски единици, објави Тасевски на својот фејсбук-профил.

Од страна на раководството на СВР Струмица, тој бил информиран за безбедносната состојба на подрачјето, која е поволна.

Го нагласив и поздравив фактот што на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица во првата половина од 2023 година се расчистени пет од вкупно пријавени шест кривични дела „разбојништво“ , со што е постигната ефикасност од 83%, а се бележи намалување на пријавените кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ споредбено со првите шест месеци од 2022 година. Во овој дел беше потенцирано дека покрај намалувањето на бројот на пријавени тешки кражби и кражби се бележи зголемување на ефикасноста во откривање на сторителите, споредбено со истиот период лани. Имено, кај кривичните дела кражба ефикасноста е зголемена за 25%, објави Тасевски.

Посебно била потенцирана работата на СВР Струмица во рамки на недозволената трговија со дрога, каде што во првите шест месеци од 2023 година поднесени се 21 кривична пријава против 22 сторители при што се запленети поголемо количество марихуана, растенија канабис, амфетамин, таблетки МДМА и др.

Работата во областа на недозволената трговија и оружје беше нагласена и за периодот од почетокот на кампањата „Безбедно лето 2023“. Имено, од почетокот на јули на подрачјето на секторот се регистрирани 30 случаи, во кои при претрес на домови и прегледи на лица и возила се одземени разновидна опојна дрога и 7 парчиња оружје, 27 парчиња муниција и пиротехнички средства, се вели во објавата на Фејсбук.

Директорот на БЈБ нагласи дека во рамки на посебна оперативна акција, на подрачје на СВР Струмица во првата половина на 2023 година се одземени 80.7 м/3 бесправно исечени огревни дрва, споредбено со истиот период во 2022 година, при што евидентирано е зголемување за 26.15 %. Ефикасноста во спречување на бесправната сеча, превоз и продажба на огревни дрва е потенцирана и на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Tags: безбедносна ситуацијаБЈБОВР РадовишпосетаСашо ТасевскиСВР Струмица
Next Post
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ/ Фотографија: Б. Јордановска

Ако се патриоти, ќе гласаат ЗА

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk