ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓурчиновски и Димовски ја претставуваа Македонија на ЕП во билијард за јуниори

July 27, 2023 12:21
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Билијард федерацијата од Македонија испрати двајца играчи да учествуваат на Европското младинско првенство што од 19 до 26 јули 2023 година се одржа во Словенија, благодарение на поддршката од Агенцијата за млади и спорт.

Меѓу 117 учесници од 28 земји беа и нашиот младински првак Андреј Ѓурчиновски (13 години) и Илија Димовски (15 години). Учесниците беа поделени во 2 старосни категории, до 17 и до 19 години, а натпреварите се одржаа во Потчетртек,

За Андреј Ѓурчиновски од „Гран клуб“ Скопје, ова беше втор настап на европските младински првенства по ланското деби, додека Илија Димовски од битолскиот клуб „Лонгони“ за прв пат играше на еден ваков континентален собир, а воедно беше и наш знаменосец.

Се играа четири десциплини, а нашите претставници ги играа сите мечеви во конкуренција до 17 години.

Во дисциплината „14.1“ – Андреј со три победи и влезе меѓу последните 16, каде што беше поразен и се најде на делба на 9 место, додека Илија имаше тешка ждрепка и загуби од многу посилни играчи.

Во дисциплината „10“, две победи и два порази стигна до делба на 17 место, а исто така и Илија со две победи и два порази, го имаше истиот пласман.

Во дисциплината „8“ – Андреј со три победи и еден пораз стигна до делба на 9 место (при што му нанесе пораз на фаворитот) Валтер Лаикра (Шведска), кој на ова првенство имаше 2 медали во другите дисциплини. Илија со една победа и два порази беше на делба на 33 место.

Во најпопуларната дисциплина „9“, Андреј повторно со три победи и еден пораз дојде до делба на 9 место, додека Илија не успеа да направи изненадување против повозрасните и поискусни противници.

Имајќи предвид дека Андреј има само 13 години, неговиот напредок е забележителен: лани најдобар пласман делба на 17 место во една дисциплина, а сега 3 пати на 9 место. Вкупно 11 победи и 6 порази, со што неофицијално влегува во групата на први 20 играчи кои имаа над 10 победи на овој турнир. Илија исто така е помлад и со 15 години има простор да се развие како играч и да стекне искуство што ќе му даде самодоверба за во иднина.

Сите освојувачи на злато се во старосни граници околу 16 години и имаат подолго искуство во меѓународните настапи, за разлика од нашите кои лани прв пат се појавија во Бугарија, а сега беа двајца во Словенија. Ѕвезда на турнирот беше Феликс Вогел, кој освои поединчно две злата и едно сребро, плус злато со Германија во екипна конкуренција.

Билијард федерацијата на Македонија ја истакнува добрата организација, најверојатно Словенија и следната година повторно ќе биде домаќин на ова натпреварување. На европско ниво, исто така се забележува очигледна афирмација и напредок, жребот за најдобри 64 е исполнет.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДимовскиЃурчиновскиСнукер
Next Post

Гајрет, гајрет, вампири нѐ бранат од вампиризација

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk