ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Подготвени сме како Влада да и помогнеме на оценската мисија за подобрување на работата на Судскиот совет

July 28, 2023 13:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Законската рамка ние веќе ја имаме направено и изработено согласно препораките на ЕУ и на Советот на Европа, но очигледни се слабостите кои што треба да се надминат. Затоа, подготвени сме како Влада да ставиме на располагање секаква информација или помош на оценската мисија за да дојдеме до најдобри решенија за подобрување на работата на Судскиот совет, изјави по денешниот брифинг со новинари вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој потенцираше дека оценските мисии се редовен нормален инструмент на Европската Комисија за подобрување преку експертско знаење и учество во подобрување на политиките во некои области или институциите. Вицепремиерот брифираше дека во изминатите седум/осум години досега имало над десет оценски мисии, а оваа е втора, по одржување на првата меѓувладина конференција.

-Врз основа на ваква оценска мисија ние направивме измени и дополнувања на Законот за академија за судии и јавни обвинители. Како резултат на вакви оценски мисии, очекуваме препораки кои ќе треба да ја подобрат работата на независните и регулаторните тела. Како резултат на ваква оценска мисија сме имале оценски мисии за системот за јавни набавки и соодветен надзор. Сме имале и за судството и за специфични делови на судството, рече Маричиќ.

Тој потсети дека законите за Судскиот совет кои што беа донесени во 2019 година беа правени заедно со Европската Комисија под водство и со мислење на Венецијанската Комисија.

-Очекувам Судскиот совет да има сериозна длабинска мисија која што ќе ги анализира сите слабости и да добиеме точни препораки и насоки од експертите на ЕУ, што би требало да направиме во однос на законите, во однос на практиките на таа институција, но и на кадровските прашања, додаде Маричиќ.

Tags: ВладаМаричиќОценска мисија
Next Post

Во Арачиново приведен криумчар на мигранти за издржување казна затвор од четири и пол години

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk