ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вмровски танц во бугарскиот скут

August 1, 2023 18:18
in ZOOM IN, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Зоран Бојаровски

Зоран Бојаровски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Колку поголеми се отстапките што ги прават партиите на владејачката коалиција, дотолку повеќе стануваат бесмислени и апсурдно неразумни позициите на ВМРО-ДПМНЕ. И последната концесија со условените оставки на петмината министри на ДУИ во Владата на Ковачевски, којашто оваа партија не ја прифати, уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ има агенда спротивна на националните интереси и дека единствено што ги интересира се предвремни избори, личните агенди на лидерската врхушката која се крие зад партиските агенди што е всушност едно те исто.

Со тоа, всушност, се потврдува дека оваа партија ги одработува интересите на националистичките политички центри во Бугарија и дека одамна го изведува отсекогаш посакуваниот вмровски танц во бугарскиот скут.

Не може да има друго објаснување бидејќи сите барања на опозицијата беа исполнети едно по едно. Бараа гаранции – ги добија од меѓународната заедница, бараа излегување на ДУИ – го добија со одлука која што влегува по автоматизам во сила. Сите препорачуваат дека секој треба да покаже одговорност во овие важни моменти, секој да исчекори дел од патот.

За жал, реакциите на ВМРО-ДПМНЕ говорат дека челниците на оваа партија не успеваат и немаат капацитет да ги видат овие отстапки и да прифатат дека пред нив имаат историска шанса да учествуваат во затворањето на уште едно значајно и неопходно поглавје за да го продолжиме процесот на преговори кој ветува завршница до 2030 година.

Којзнае колку пати им е предочено, но еве уште еднаш ги повикуваме да си ги постават следните прашања и да ги прифатат поуките од непосредното минато: Дали го изгубивме македонскиот идентитет и после сите нивни предупредувања дека сме соочени со таква закана? Не. Дали го задржавме означувањето на јазикот како „македонски јазик“? Да, и никој не се сомнева дека е тоа така во било кој меѓунареден форум, иако го плашеа народот дека не ни го признаваат јазикот. Дали националноста е јасно определена како „македонска“? Да. Нашиот идентитет е потврден и зајакнат со сите меѓународни гаранции. Дали денеска сме помалку Македонци од вчера? Не, и напротив. Нашите пријатели и поддржувачи донесоа резолуции за признавање на посебноста и автентичноста на македонскиот идентитет.

Ако искрено се соочат со одговорите на овие прашања, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ треба да се  соочат со себе си и да си одговорат на најважното прашање: Дали сме подготвени партиските интереси да ги оставиме зад себе во име на нашите национални стратешки интереси и да бидеме дел од иднината?

Овие одговори им ги должат на граѓаните на нашата земја, на сите граѓани.

Секој друг одговор или избегнувањето на соочувањето со оваа реалност само ќе потврди дека вака поставените политички принципи на оваа партија се во согласност со бугарските националистички центри.

Колку побргу ќе се соочат во ВМРО-ДПМНЕ толку побргу во иднина нема да има повеќе оспорување на нашето име, на нашата припадност, на нашиот јазик и идентитет. Нема да имаме повеќе фрустрации и гнев дека не сме признаени и дека сме оспорувани, бидејќи тоа ќе ни го гарантира процесот на преговори.

Тој процес е пат кон иднината, тоа е процес кој не му робува на минатото. Тој процес води напред, без страв и без предрасуди. Знаеме кои сме и што сакаме и не треба да им подлегнеме на емоциите кои се јавуваат при секоја промена. Тоа е одлика на храбри, државотворни народи и држави.

Ако рационално размислиме тогаш ќе сфатиме дека ништо не губиме, а можеме да добиеме многу. Добиваме јасна перспектива и можности за развој што е од суштинска важност за нашата економија. Добиваме поголем пристап и можности за користење на ЕУ фондови и можност за развој дома и просперитет за сите. Ја носиме Европа тука и создаваме можности за младите дома.

Ја зајакнуваме кохезијата во нашето општество со остварување на врвните државни интереси и главните национални приоритети. Така го растеме  угледот на нашата држава и така ќе ја обезбеди нашата стабилна и просперитетна иднина.

Само така наспроти на кавгите со сите наши пријатели, партнери и поддржувачи на кои сме сведоци овие денови додека Мицкоски прави непријатели од нашите искрени пријатели.

Ние бевме најдобри кога со нашиот пристап ја „разоружувавме“ националистичката пропаганди кај нашите соседи. Такви треба да останеме и понатаму зашто како такви ги добивме најголемите признанија и поддршка од нашите стратешки пријатели како САД и огромен број од земјите членки на ЕУ. Да инсистираме на процеси за запознавање и почитување како нормални европски нации и нормални држави.

Извор: Рацин.мк

Tags: бугаријаевроинтеграцииМицкоскипреговориуставни изменичленство во ЕУ
Next Post

Апасиев, кога ќе порасне, сака да биде популарен како Заев

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk