ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски од Пелинце: Европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес

August 2, 2023 12:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Да ги надминеме разликите, да се сплотиме околу итно започнување на преговорите, во спротивно ќе ги изгубиме младите кои се иселуваат. Потребни ни се европски реформи, кои ќе помогнат да го оствариме виталниот национален интерес, да ги мотивираме младите да останат во државава, порача претседателот на државата, Стево Пендаровски, на одбележување на 2 Август, во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Пред присутните Пендаровски кажа младите беа вистинските двигатели на двата Илиндена, клучни за трансформациите во државата, но денес кажа се загрозено малцинство.

– Со сегашното темпо на иселување, постои реална опасност многу бргу да ја достигнеме критичната демографска точка по која нема враќање. Доколку веднаш не му се застане на патот на овој опасен тренд и истиот не се успори со посветени политики и конкретна, во пракса реализирана стратегија за младите, нас нè очекува многу полоша иднина од онаа која во моментов ја антиципираме, кажа Пендаровски.

Зборувајќи за причините за иселувањето, Пендаровски рече дека младите заминуваат во туѓина, бидејќи се отуѓени во државата. Од независноста наваму, младите, како што рече, се пасивни приматели на политиките, нивната енергија се користи за теснопартиски цели, тие кажа, не веруваат дека со труд може да се напредуваат, туку со партиски книшки, роднински врски етничка припадност наместо знаење и квалитет.

– Со тоа се отвора широка врата за корупцијата, а секоја коруптивна трансакција на пари и моќ воспоставува двојни стандарди, ја поништува еднаквоста пред законите, ја руши довербата во институциите и конечно, ја обезвреднува државата. Како најголем генератор на неправда и нееднаквост, корупцијата е една од главните причини за масовното иселување на младите. Иселувањето не е ништо друго освен конечен протест на младите генерации, кажа Пендаровски.

Претседателот додаде дека од АСНОМ, па до денес, се потврдува дека е тешко да се дојде до слободна држава, уште потешко да се изгради и одржи слободно и праведно општество, кое е обврска на сите генерации.

Затоа, нагласува, потребни се европски реформи, најбрз и најсигурен начин за суштински реформи, без како што рече, бирократски импровизации и партиски и бизнис-махинации се преговорите за членство во Европската Унија. Според него, интеграцијата ќе ја трансформира секоја општествена сфера, ќе овозможи градење на функционална правна држава со независен и ефикасен судски систем како предуслов за економски раст и одржлив развој.

– Преговорите ќе ни помогнат да ја направиме корупцијата помалку општествено прифатлива, а културата на неказнивост да ја замениме со култура на одговорност и личен, морален интегритет. При тоа, треба да ни е јасно дека добра алтернатива за европските реформи – не постои! Надворешните пречки не смеат да бидат алиби за забавување на реформите. Напротив, мора да го мобилизираме секој сегмент од општеството во искоренување на корупцијата, непотизмот и криминалот. Уште поважно, токму европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес, а тој е, да ги мотивираме младите да останат во државава и да се вклучат во изградбата на европска Македонија, кажа претседателот.

Тој повика да се надминат разликите, сите да се сплотат околу започнување на преговорите, за да не се изгубат младите, без чија енергија е не е можно решавање на какви било прашања.

Tags: ИлинденПелинцеСтево Пендаровски
Next Post

Забрчанец со честитка за Илинден: Демократскиот свет ни оддава признанија и ни ја истакнува посебноста на македонските јазик и култура

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk