ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Институтот „Крсте Мисирков“ ќе го одбележи Светскиот ден на мајчиниот јазик

Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Датумот е избран во спомен на трагичен настан и во чест на студенти од Универзитетот во Дака, кои како учесници на бенгалското јазично движење  биле убиени од полицијата на  протест на 21 февруари 1952. Протестот бил против одлуката на владата на новоформираната држава Пакистан во 1948 –  урду да стане единствен официјален јазик во земјата која била поделена на голем број етнички и лингвистички групи, а најголем број од жителите биле Бенгали со мајчин бенгалски јазик

February 20, 2020 10:13
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик кој светот го прославува на 21 февруари, прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.

На настанот ќе се обратат градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Снежана Веновска-Антевска.

Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Датумот е избран во спомен на трагичен настан и во чест на студенти од Универзитетот во Дака, кои како учесници на бенгалското јазично движење  биле убиени од полицијата на  протест на 21 февруари 1952. Протестот бил против одлуката на владата на новоформираната држава Пакистан во 1948 –  урду да стане единствен официјален јазик во земјата која била поделена на голем број етнички и лингвистички групи, а најголем број од жителите биле Бенгали со мајчин бенгалски јазик.

Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.

На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици, особено на американскиот и на австралискиот континент.

Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (21 февруари), се одбележува и Денот на европските јазици (26 септември). Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.

Next Post

Оштетени наплатните рампи на паркиралиштето во центарот на Охрид

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk