ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 900 нови работници

August 7, 2023 10:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во Технолошко-индустриските развојни зони – ТИРЗ, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата на ТИРЗ. Заклучно со јули бројот на работни места е зголемен за 14 отсто во однос на истиот период лани и достигна над 17.150. Тоа, како што покажува анализата, е за 20 отсто повеќе од јули 2021 година односно за 30 отсто повеќе споредено јули 2020 година. Само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 900 нови работници.

-Продолжува и растот на извозот кој  заклучно со јули ја надмина границата од две милијарди евра. Само во јули извозот е 336 милиони евра што е за 20 отсто повисок од јули минатата година, односно за 50 и 58 отсто повисок споредено со јули 2021, односно јули 2020 година. Споредено со почетокот од годинава извозот во зоните е зголемен за 22 отсто, информираат од ТИРЗ.

Увозот во првите седум месеци од годинава, додаваат, достигна над 1,8 милијарди евра.

-Само во јули годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 261 милион евра што е за 13 отсто повисоко споредено со јули 2022 и 2021 година, а 39 отсто повеќе споредено со јули 2020 година. Споредено, пак, со почетокот од годинава увозот во зоните е зголемен за 15 отсто, прецизираат од ТИРЗ.

Поради ваквите економски движења, како што велат, продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот кој заклучно со јули е 25 отсто.

-Се очекува трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што во ТИРЗ од почетокот на годинава се постигнати договори од над 280 милиони евра кои во следните десет години треба да донесат над 4.600 работни места. Исто така, во завршна фаза на преговори се четири нови инвестиции со обем од над 150 милиони евра, нагласуваат од ТИРЗ.

Tags: вработувањаТИРЗ
Next Post

Партија на пензионери: ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да манипулира со пензионерите

НАЈНОВО

Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025
Скриншот

Селена Гомез домаќин на настан за подигнување на свеста за менталното здравје на младите

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk