ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ристески: Предлог ДУП-от за Лисиче на трета јавна анкета, Муцунски никако не се откажува од една висококатница

August 9, 2023 10:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Предлог ДУП-от за Лисиче ЈИ 09.01, по трет пат на јавна анкета. Тимчо Муцунски не се откажува од само една висококатница. Погодете која?“, пишува во објава на Фејсбук, координаторот на советничка група на СДСМ и коалицијата во општина Аеродром, Милутин Ристески.

Како што нагласува Ристески, „Јавната анкета започнува утре, на 10.08. и трае до среда,16.08. Јавната презентација закажана на 15.08. во 17 часот во ОУ „Димитар Македонски“. Не беше тешко да се предвиди дека и оваа јавна анкета ќе оди во периодот на годишни одмори“.

Тој во коментар додава дека Лисиче е една од најубавите населби во Скопје и дека СДСМ како одговорна партија во целост ги поддржува барањата на граѓаните.

Милутин Ристески и Тимчо Муцунски

„Граѓаните се свесни дека усвојувањето на овој предлог-ДУП е огромна закана за спокојот и животната средина. Затоа и се организираа, меѓу другото и со протести да ги заштитат своите интереси. СДСМ како одговорна партија во целост ги поддржува нивните барања и оттука како советничка група во Советот на Општина Аеродром ќе дадеме се’ од себе да ја спречиме, како што велат нашите сограѓани, „бетонизацијата“ на Лисиче“, додава Ристески.

Коригираниот ДУП ќе биде изложен во просториите на основното училиште „Димитар Македонски“ до 16 август, а јавна презентација ќе се одржи на 15 август во 17 часот, во просториите на училиштето. Анкетните листови веќе вообичаено можат да се пополнат додека трае јавната анкета, при што сите засегнати фирми и граѓани од овој плански опфат можат да достават забелешки и предлози по планот во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма, пишува „Слободен печат“.

Кога предлог ДУП-от за Лисиче за првпат беше претставен пред граѓаните, во него се предвидуваше во населбата да се изградат девет згради, од кои највисоката би била на 11 ката, но и три седумкатници. На празниот простор покрај булеварот Србија, имаше маркички за четири големи згради, а уште пет беа предвидени покрај улицата 12. Македонска бригада, со приземје, четири ката и поткровје. На ваквата „бетонизација“ на населбата жестоко се спротивставија жителите, кои организираа и протести на кои кажаа „не“ за изградба на згради, затоа што сметаа дека доколку се усвои овој ДУП, неговата реализација би ги направила затвореници во нивните домови, би го запрела протокот на свеж воздух и сончевата светлина, односно би го нарушил квалитетот на животот во нивната населба.

Лисичани бараат новиот ДУП целосно да се повлече бидејќи е смрт за населбата.
Фото: Ангел Ангеловски

Од Општина Аеродром соопштија дека прифатиле дел од забелешките на граѓаните доставени преку анкетни листови и го коригираа планот. Но и таков, не беше прифатлив за жителите, кои не отстапуваат од своите барања во тој дел воопшто да нема згради.

Згради беа зацртани и во поправениот ДУП што по вторпат им беше понуден на јавна анкета, иако во помал број. Во него беа впишани само три објекти со А2 намена, односно згради за колективно домување. Две од нив се наоѓаа на иста парцела, на аголот помеѓу булеварите Србија и 12 Македонска бригада и двете висококатници од по речиси 38 метри, односно со приземје, десет ката и поткровје. Покрај булеварот Србија, предвидена беше уште една зграда со приземје, три ката и поткровје. Сите згради се на локации каде што сега се наоѓаат автоплацеви.

На останатите дури 460 парцели во ДУП се зацртани индивидуални куќи со приземје, еден кат и поткровје, а на шест од нив, според планот им е дозволено да изградат уште по еден кат повеќе. Тоа значи дека доколку се прифатеше овој план, сите постојни куќи што досега се воделе како дивоградби, ќе бидат легализирани. Во овој дел од планот не се очекува дека се направени корекции.

На втората јавна анкета следуваа 230 анкетни листови со забелешки од граѓаните, кои останаа доследни во своите барања – „Не за згради во Лисиче“.

Засега и Општина Аеродром молчи и не соопштува какви измени се направени и што најново ќе им се понуди на граѓаните, а молчат и жителите во очекување да го видат најновиот предлог план, пишува „Слободен печат“.

Последната верзија на новиот Предлог-ДУП достапна на следниот линк.

Ј. Ѓ.

Tags: ДУПЛисичеМилутин РистескиТимчо Муцунски
Next Post

Во невремето и поројните дождови во Пекинг загинаа 33 лица, а 18 се сметаат за исчезнати

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk