ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Велика Британија минатата година поради штрајкови изгубени речиси четири милиони работни денови

August 14, 2023 11:04
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 3,9 милиони работни денови во Велика Британија се изгубени поради штрајкови минатата година, што е повеќе од кога било од 1980-тите, покажува ново истражување.

Многу од штрајковите беа поттикнати од реалниот пад на платите за повеќе од девет отсто во високо синдикално организираниот јавен сектор, објави Фондацијата „Резолуција“.

Високата инфлација значи дека просечната неделна плата за сите работници била ниска. Секторите вклучувајќи ги здравството, образованието, поштенските услуги и железницата се одговорни за 96 отсто од сите изгубени денови поради штрајкови од 2021 година, соопшти тој тинк-тенк.

Во неговиот извештај, објавен додека трае штрајкот на помладите лекари, се вели дека високата инфлација значи дека просечната неделна плата за сите работници била за 4,1 отсто пониска во трите месеци до мај отколку во истиот квартал од 2021 година.

Но, реалните плати за работниците во јавниот сектор паднаа за 9,2 отсто во истиот период, а за тие во здравството и социјалната заштита за 9,8 отсто, се наведува во студијата.

Фондацијата соопшти дека штрајковите не се само за платите, предупредувајќи дека работните услови, исцрпеноста и стресот исто така имаат важна улога.

Притисокот врз платите во јавниот сектор, исто така, се чини дека придонесе за зголемување на бројот на слободните работни места. Во март имало 33 отсто повеќе слободни работни места во здравството, образованието и јавната администрација отколку во декември 2019 година, во споредба со 23 отсто повеќе во остатокот од економијата, се вели во извештајот.

Tags: Велика Британијаштрајкови
Next Post

Пензионерите на протест пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk