ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Јазикот и јазичните права се важни за постигнување еднаквост и за реализација на концептот едно општетство за сите

– Примената на Законот за употреба на јазиците се заснова на промовирање на основните човечки вредности, еднаквост на слободите и човековите права и на почлитување на различностите. Концептот на различност во РС Македонија треба да се прифати како мост помеѓу различните етнички заедници во земјата. Како истоветна слика на концептот на ЕУ и НАТО како организации кои во различноста го пронајдоа  и го јакнар единството и заедништвото, рече Спасовски.

February 20, 2020 18:00
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Јазикот и јазичните права се многу важни за постигнување еднаквост и за реализација на концептот на едно општетство за сите граѓани како стратешка определба на Владата по угледот на големата европска идеја Обединети во различностите. Ваквата определба која е појаснета во Националната стратегија за развој на концептот на едно општетство за сите граѓани бара постојано промовирање на вредностите на јазичниот плуралитет и неговата кохезивност.

Ова го истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски во обраќањето на денешната јавна дискусија за промовирање и подигање на свеста за мајчиниот јазик и културната разноликост спроти одбележувањето на 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, а во рамките на подготовките за донесувањето на Програма за покренување на јавната свест за примена на Законот за употреба на јазиците. Целта на оваа програма, додаде тој, е да се разбере важноста и придобивките што ќе ги создаде примената на овој закон во државата.

– Примената на Законот за употреба на јазиците се заснова на промовирање на основните човечки вредности, еднаквост на слободите и човековите права и на почлитување на различностите. Концептот на различност во РС Македонија треба да се прифати како мост помеѓу различните етнички заедници во земјата. Како истоветна слика на концептот на ЕУ и НАТО како организации кои во различноста го пронајдоа  и го јакнар единството и заедништвото, рече Спасовски.

Според него, ако секој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, со тоа не губат другите граѓани, туку добива Северна Македонија како граѓанска и демократска држава. Ние како мнозински народ во нашата земја, рече Спасовски, имаме одговорност да креираме политики и атмосфера за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на сите останати  јазици  на припадниците на граѓаните кои живеат во земјава.

– На централно ниво, со примена на Законот за употреба на јазиците се употребува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо. На локално ниво се употребуваат повеќе јазици освен македонскиот јазик. Албанскиот јазик се употребува во 25 општини, турскиот во 10, српскиот во три општини, ромскиот и босанскиот јазик во две општини и влашкиот во една. Ова покажува отвореност на нашето општество на сите рамништа за своите граѓани, вели Спасовски.

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки, посочи дека по навршување една година од усвојувањето на Законот за употреба на јазиците, со која албанскиот стана официјален јазик во државата, сите граѓани на земјава разбраа дека  употреба на јазикот на некоја друга нација, јазичната различност во државата е предност, а не пречка за развој.

– Свесен сум дека освен законските санкции имплементацијата на Законот за употребата на јазиците во голема мерка зависи и од волјата и свеста на граѓаните за негово спроведување. Многуте предизвици кои ни се случија и кои ќе се појават пред нас во овој процес треба да овозможиме сите заедно да ги надминеме, рече Дураки.

На дебатата се обратија и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Илхан Рахман и директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија Илбер Села.

 

Според Рахман, во однос на употребата на јазикот на заедниците земјата може да се смета за добар пример, но кога станува збор за помалубројните заедници укажа дека треба да се обрне поголемо внимание на образованието на мајчин јазик, употребата на јазикот во локалните самоуправи, како и во редакциите на овие заедници во јавниот сервис, како и во преземање системски мерки за зачувување на јазиците кои се во опасност од исчезнување како влашкиот јазик. Потребно е, вели тој, и да се ратификува Европската повелба за малцински и регионални јазици која е потпишана од нашата држава и која нуди решенија на значајни проблеми околу употребата на мајчиниот јазик.

Next Post

Шкријељ: Градинка за 120 деца во Ресен, децата ни се врвен приоритет

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk