Јапонското Министерство за одбрана денеска соопшти дека активирало борбени авиони откако два руски патролни авиони за собирање информации Ил-38 биле забележани како неколку пати прелетуваат меѓу Јапонското Море и Источното Кинеско Море.
Активноста на руските воздухопловни сили во област во близина на Јужна Кореја и Кина следи само еден ден откако Јапонија забележа руски и кинески воени бродови како минуваат низ водите меѓу јужните јапонски острови Окинава и Мијако.