Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ останаа без аргументи против уставните измени, кои од денес влегоа во собраниска процедура и молчат во Собранието. Единствена која излегува на говорницата е независната пратеничка Гордана Сиљановска, која се обидува да го брани ставот на опозициската партија.
Иако Сиљановска во Собранието функционира како независна пратеничка, што може да се види и на веб-страницата на Собранието, таа денес беше единствената пратеничка од опозицијата која излезе на говорницата во обид да аргументира против уставните измени.
Останатите пратеници од опозицијата останаа неми, веројатно бидејќи нивниот став не е изграден врз издржани аргументи, туку единствено поради лични и партиски интереси застануваат против гласањето на уставните измени и продолжување на патот кон полноправно членство во ЕУ.
Уставните измени денес се на пленарна седница во Собранието, а премиерот Димитар Ковачевски како предлагач истакна дека тие се македонски предлог, со кој ќе се овозможи државата да продолжи на патот кон ЕУ и да стане полноправна членка до 2030 година.