ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Санкциите кон Русија функционираат

Неодамнешната девалвација на рубљата покажа колку притисокот на војната – и санкциите наметнати како одговор на истата – имаат нанесено штета на руската економија. Сега, Западот мора да оди уште подалеку.

August 23, 2023 16:39
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: СЕРГЕЈ ГУРИЕВ / Project Syndicate

Деновите по инвазијата на Украина на рускиот претседател Владимир Путин пред 18 месеци, Западот наметна невидени санкции на руската Централна банка, замрзнувајќи стотици милијарди долари во резерви. Рубљата падна вртоглаво, достигнувајќи рекорден пад од 136 за американски долар една недела по инвазијата. Но, откако Централната банка воведе контрола на валути и капитал, рубљата се врати назад, искачувајќи се на ₽51.5/долар – повраток кој Кремељ со нетрпение го пофали.

Руските лидери имаат помалку за славење. Курсот за размена на рубљата нуди највидлив показател за рускиот економски перформанс, барем за руските домаќинства. Така, неодамнешниот пад на валутата под политички значајниот праг од ₽100/долар го загрижи Кремљ. И ја стави Централната банка – која, во текот на минатата годена ги олабави или отстрани многу од нејзините контроли на капитал – на удар.

Економскиот помошник на Путин, Максим Орешкин, најчесто ја критикуваше Централната банка дека е премногу рестриктивна . Но по последниот пад на рубљата, тој напиша текст во кој ги обвинува креаторите на политики за тоа дека се премногу ,,меки” и дозволуваат прекумерен раст на кредитот. Централната банка веднаш свика вонреден состанок на одборот каде одлучи да ги зголеми каматните стапки за невидени 3.5 процентни поени и сигнализираше дека најверојатно ќе има уште повеќе покачувања веќе следниот месец. Дополнителни валутни контроли се чини дека се, исто така, можни. Во меѓувреме, министерот за финансии, Антон Силуанов, наводно се залага да се принудат руските извозници да ги вратат нивните приходи во долари и да ги продадат на Централната банка.

Секако, нема причина да се мисли дека руската економија е на раб на колапс. Нема ништо магично во прагот ₽100. А неодамнешното нагло зголемување на стапката претставува реакција од учебник кон растечката инфлација, Западните централни банкари би го сториле истото. Сепак, девалвацијата истакна колку притисок војната – и санкциите наметнати како одговор на истата – имаат нанесено штета на руската економија.

Во април 2022, напишав дека Путин не треба да ја слави поддршката на рубљата, што одрази два настани кои на крајот ќе се покажат лоши за руската економија. Прво, увозот се намали како резултат на Западните санкции, резултирајќи во изгубен пристап до увозни стоки за широка потрошувачка и до средно производство,  а со тоа ограничувајќи го рускиот производствен капацитет. Второ, се зголемија приходите од извозот на нафта – настан што ќе ги мотивира Западните влади да наметнат ембарго на нафтата и ограничување на цената на руската сурова нафта.

Токму ова се случи. Во мај 2022 година, Европа објави дека во следните 6-8 месеци ќе стапи на сила ембарго на околу 90% од увозот на руската нафта. Не долго потоа, земјите од Г7 се договорија да ја ограничат цената.

Задоцнетото воведување на овие политики му дозволи на Путин да оствари огромни приходи. Иако Западот имаше замрзнато околу 300 милијарди од резервите на Централната банка на Русија, рекордниот суфицит на руската тековна сметка во 2022 година, од 227 милијарди, скоро го надополни тоа. Но, оваа среќа навистина заврши: во првата половина на оваа година, приходите на Русија од нафта и гас се намалија речиси за половина, со што буџетскиот дефицит порасна на 2% од годишниот БДП.

Нафтеното ембарго и ограничувањето на цената, исто така, предизвикаа вкупниот извоз на Русија да падне за една третина од година во година од јануари-јули 2023 година. Како резултат на тоа, трговскиот суфицит на Русија се намали од 204 милијарди долари на 64 милијарди долари, а нејзиниот суфицит на тековната сметка се намали за фактор шест, од 165 милијарди долари на само 25 милијарди долари.

Очекувано, остриот пад на приходите од извозот на јаглеводороди го поттикна брзото влошување на фискалната позиција на Русија. За некое време, руските лидери се чинеа незагрижени: државата сé уште држи значителни резерви на кинески јуан, така што може да си дозволи буџетски дефицит. А војната во Украина останува највисок приоритет на Кремљ: само во првата половина на оваа година, воените трошоци на Русија беа 12% повисоки од износот предвиден за целата година.

Покрај финансирањето на војната, владата на Русија се надеваше дека континуираното трошење би ѝдало на економијата кензијански поттик. Но, овие надежи не се остварија, токму затоа што трговските санкции го поткопаа продуктивниот капацитет на Русија. Изолирана од Западот и имајќи загубено стотици илјади работници поради војната и емиграцијата, руската економија едноставно не може да произведува онолку колку што Путин сака.

Со прегревањето на руската економија, поголемите владини трошоци едноставно ја поттикнаа инфлацијата. Кога на тоа ќе се додаде континуираниот одлив на капитал – што се забрза откако шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, го прекина бунтот во јуни – и неодамнешната девалвација на рубљата беше за очекување. Ниту треба некој да биде изненаден од одлуката на Централната банка да стави кочница и покрај ефектите од повисоките каматни стапки врз растот на производството. Блумберг сега ја става можноста од рецесија во Русија во следните шест месеци на 21%, во споредба со 6% пред покачувањето на стапката.

Санкциите очигледно функционираат. Но, континуираната способност на Путин да ја финансира неговата војна во Украина покажува дека мора повеќе да се стори. Имајќи ги во предвид елаборираните методи што компаниите ги имаат смислено за да го заобиколат ембаргото и ограничувањето на цената, Западот сега мора да работи на затворање на дупките во санкциите, додека го намалува ограничувањето на цената на нафтата од 60 долари по барел денес на 50-55 долари по барел, па дури и помалку.

Другото битно значење од неодамнешниот пад на рубљата е тоа дека Путин успева да ги заобиколи трговските санкции. Рубљата е поевтина затоа што Русија има потреба од американски долари за да ја плати својата сметка за увоз, која расте за една третина од година во година – од 57 милијарди долари на 76 милијарди долари – во второто тромесечје од 2023 година. Ова зголемување делумно ги одразува растечките трошоци за заобиколување на санкциите, кои го зголемуваат притисокот врз буџет и валутата на Русија. Со затегнување на контролата на извозот, Западот може дополнително да ги зголеми овие трошоци, ставајќи го рускиот буџет – а со тоа и нејзините криминални воени напори – во состојба на гушење.

Сергеј Гуриев Е професор и коавтор (со Даниел Трејсман) на Spin Dictators: The Changing Face of Tyranny in 21st Century (Принстон Универзитетот Прес, 2022).

Превод: Наташа Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: The Russia Sanctions Are Working . Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: PROJECT SYNDICATEПутинРусијасанкцииСергеј Гуриев

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk