Сојуз на Борците од НОАВМ 1941 – 1945 и граѓаните продолжувачи“ – Битола со реакција до градоначалникот Коњановски и до Советот на Општина Битола за неприфаќањето од страна на Комисијата за споменици и спомен обележја, на нивното барање за внесување на изградба на биста на првоборецот Пецо Гудовски во Програмата за 2023-2028 година.
Од Сојузот на борците истакнуваат дека се длабоко разочарани и изненадени од неприфаќањето на нивниот предлог за подигање на биста на првоборецот Пецо Гудовски.
Реакцијата ја пренесуваме во Целост.
„Длабоко сме изненадени и разочарани што Комисјата за споменици и спомен обележја на Општината Битола на својата седница не го прифати нашето барање за внесување на изградба на биста на првоборецот Пецо Гудовски во Програмата за 2023-2028 година, заради тоа што:
- За прв пат во изминатите 76 години од нашето постоење како организација која, меѓу другото, се грижи и ги негува традициите од НОАВМ 1941-1945, не се прифаќа наше барање за изградба на спомен биста на еден борец,Во изминатите 76 години изградивме во Битола и битолско над 160 споменици, вклучувајќи го централниот Споменик на Револуцијата , споменик кој е во чест и на Илинден и на НОАВМ, исклучиво со наши средства.Можеби некогаш , особено последните 20- тина години општинските органи одолговлекувале со донесувањето на одлуки, но апсолутно никогаш не одбиле наше барање .
- Врз основа на Пограма на ОО на СБМ за 2021, по изнаоѓање на конструкција за обезбедување на средства, во јули 2022 поднесовме барање до надлежните во Општина Битола за одобрување на изградба на бисти на Васко Карнгелевски и Пецо Гудовски, изработивме и доставивме комплетна архитектонска документација – проект со предлог локација и микролокациски услови,како и со напомена дека сите трошоци за двете бисти ќе бидат обезбедени од наша страна.
- Направивме усмени консултации со претседателите на локалните организации на двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и при тоа наидовме на подршка на нашето барање.
- Како непартиска и невладина организација за нас се единствено битни учесниците во НОАВМ и настаните кои дадоа придонес во борбата со фашистичките окупатори за создавање на слободна, наша,сакана татковина и држава Македонија. Заради тоа нас не ни е битно дали денес сродниците на нашите партизани припаѓаат на оваа или онаа партија, ниту дали денес внуката на Пецо Гудовски, Бисера Костадиновска-Стојчевска е министерка од СДСМ (впрочем кога ја донесовме програмата во 2021 повеќето од нас не ја ни знаеа).Денес, за жал, некои сродници на нашите славни борци имааат бугарски пасоши, па дури и бугарски државјанства откажувајќи се од македонското. Дали треба заради тоа да бараме отстранување на бистите на нивните дедовци, славни борци претходници? Сродниците ниту го зголемуваат или ниту го намалуваат значењето на херојската борба на нашите партизани, нивни претходници.
- За борбениот пат на Пецо Гудовски, во барањето до Општина Битола доставивме кратка биографија. Таа исто така редовно ја објавуваме на нашата фејсбук страница. Последната објава е на 14 август 2023 , на датумот на неговата смрт.Напоменуваме, кратка биографија како и за сите борци за кои правиме објави на фејсбук, меѓутоа за него и за нив има уште многу што треба да се прочита и знае.
- Нас посебно не изненади тоа што за одлуката на комисијата дознавме на денот на формирањето на 7-мата Бригада, чиј командант при ослободувањето на Битола беше токму Пецо Гудовски. Васко Карангелевски веќе беше на друга должност.
На крајот, бидејќи одлуката на наведената комисија е прва фаза во донесување на Програмата за 2023-2028.Веруваме дека од Советот на Општината Битола ќе ги надмине политичките несогласувања барем во однос на нашето барање и ќе ја одобри изградбата на бистата на првоборецот и командант на 7-та Бригада, Пецо Гудовски“, Претседател на ОО на СБМ – Битола.
Комисијата за подигање спомен обележја при Советот на Општина Битола со два гласа „за“ и 2 „воздржани“ не ја прифати иницијативата на Сојузот на борци од Битола за поставување биста за првоборецот Пецо Гудовски. Тие ги прифатија иницијативите за подигање биста на народниот херој Васко Карангелевски од Сојузот на борци-Битола, спомен обележје за Јонче Мурџевски од истоимената месна заедница и спомен обележје за ликот и делото на пејачот Јонче Христовски поднесена од семејството.
Со тоа овие три иницијативи станаа составен дел од од Програмата за спомен обележја од 2023 до 2028 година кој треба да се изгласа на Советот, но не и онаа за Пецо Гудовски.
Поврзано: