ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

„На Точак“: Општина Центар – Највело-општина во Скопскиот плански регион за 2023

August 23, 2023 17:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата „На Точак“, во објава на Фејсбук, упатува честитки до Општина Центар, за како што нагласуваат „Највело-општина во Скопскиот плански регион за 2023!“.

Оттаму набројуваат неколку иницијативи и проекти како: pоставувањето на голем број паркинзи за велосипеди со универзален дизајн (П држачи) низ јавните простори на општината; изработено и проекти за велосипедски патеки и ленти; поставени подигнати пешачки премини за смирување на сообраќајот, како и столпчиња и заштитно зеленило за заштита од нелегално паркирање; ги обврзуваат инвеститорите да обезбедат паркинг за велосипеди во новите објекти со специјална одлука на советот; и други.

„Честитки за Општина Центар – Највело-општина во Скопскиот плански регион за 2023!

Што ѝ ја донесе оваа титула на Општина Центар?

Поставувањето на голем број паркинзи за велосипеди со универзален дизајн (П држачи) низ јавните простори на општината; подигнати пешачки премини за смирување на сообраќајот, како и столпчиња и заштитно зеленило за заштита од нелегално паркирање

Тоа што најголем број општински институци се покриени со вакви квалитетни паркинзи (а не чешли);

Општина Центар има изработено и проекти за велосипедски патеки и ленти и има изведено 2 (на Орце Николов и на Ленинова), од кои двете претставуваат континуитет на проекти од претходната гарнитура, што исто така се вреднуваше.

Забелешки за овие улици имавме и забелешките си стојат, но стои и фактот дека овие улици се подобар резултат од било која претходна реконструкција на улица во Центар или во другите општини;

Општина Центар поставува подигнати пешачки премини за смирување на сообраќајот, како и столпчиња и заштитно зеленило за заштита од нелегално паркирање. Има уште многу да се работи на оваа тема! Но од доставеното, предничеше пред другите општини;

Иако во недоволна мера партиципативно, Општина Центар, за разлика од другите општини има обиди за споделување на проектите за улиците на различни медиуми: веб страница, презентации пред граѓани итн;

Општина Центар е единствена општина која во новите урбанистички планови (ДУП-ови) дава насоки за воведување велосипедски патеки/ленти, за пошироки тротоари од минималните за да се може да се постават дрвореди и сл, односно за подобрување на стандардите за урбана мобилност (создавање комплетни улици), споредено со старите ДУП-ови;

Општина Центар е единствена или една од двете општини кои ги обврзуваат инвеститорите да обезбедат паркинг за велосипеди во новите објекти со специјална одлука на советот.

Од медиумски соопштенија дознавме за одлуката на Советот на Општина Аеродром, но само Центар ја достави самата одлука во одговорите на прашалникот. Како и да е, истото го очекуваме од сите скопски општини!

Дефинитивно, во поглед на реалните инфраструктурни мерки и политички одлуки, Општина Центар предничеше пред другите општини.

На терен останува уште многу за Општина Центар да се нарече вело-пријателска општина насекаде во своите граници, сепак освои вкупно 49 поени од можните 100, но напредокот е најголем и тоа е она што се ценеше во методологијата. Се надеваме дека Општина Центар ќе продолжи во иста насока да поставува позитивен вело-пример за другите општини, а и другите општини дека ќе направат некои новини! Ние им стоиме на располагање на сите општини за да им помогнеме побрзо да дојдат до епитетот вело-општина.

Убаво е општините да прават вело-настани, да даваат субвенции и да се споделуваат позитивни статуси за возење точак, но реалната разлика ја прават храбри политички одлуки, некогаш и непопуларни на краток рок (како справувањето со нелегалното паркирање). Реалната разлика дали граѓаните ќе се чувствуваат безбедно и мотивирано да возат велосипед ја прави и издвојувањето на реален буџет и проектирањето и изградбата на реална инфраструктура.

На крајот на денот џабе е колку велосипеди се купени со субвенција и колку деца слушале обука во училиштата ако нема каде да се возат велосипедите.

Со овој избор ги поставивме основите на една методологија со која би можеле да направиме пресек повторно за неколку години и изборот за највело општина во Скопскиот регион да се повтори, а можеби и да се прошири на републичко ниво. Честитки до Одржливи иницијативи и до сите вклучени стручни лица за успешно сработената анализа на 17 општини што сработиле на Вело план. Се надеваме дека преку неа ќе се потсетат сите градоначалници и општини што ветиле и ќе се инспирираат да ги копираат позитивните одлуки на останатите градоначалници.“, стои во објавата од иницијативата „На Точак“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: велосипедиНа ТочакНајвело-општинаОпштина ЦентарСкопје

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk