ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Теламон – Европа“ го пушти во употреба новиот производствен погон со површина од 2.100 m2

August 24, 2023 12:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Компанијата „Теламон – Европа“ го пушти во употреба новиот, втор производствен погон со површина од 2.100 m2 во кој во изминатиов месец беше инсталирана и ставена во функција линија за склопување делови за автомобилската индустрија, со капацитет за производство од 10.000 единици на ден. Дополнително, во завршна фаза е и конфигурацијата на втора производна линија, со капацитет за производство од 2.500 единици, која ќе биде оперативна најдоцна до септември 2023 година.

Со овој деловен потег, “Теламон“ вработува вкупно 250 лица. Со инвестицијата, до крајот на 2023 година, капацитетот на производството на „Теламон – Европа“ ќе се зголеми на 10 милиони единици, планирани до крајот на 2023 година.

Досегашната инвестиција на “Теламон“ од 5 милиони евра се зголемува и со оваа нова производна единица компанијата книжи вкупна инвестиција во државата од 8 милиони евра. Покрај директната финансиска инвестиција, “Теламон – Европа“ на годишно ниво, по основ придонеси и даноци, во буџетот на Република Северна Македонија уплаќа над 400 илјади евра.

„Отворањето на новата линија и погон е дел од нашата долгорочна деловна развојна стратегија. Со пуштањето на овој погон, недвосмислено ја потврдивме нашата ориентација – преку Македонија, опслужување на Европскиот пазар и достигнување на светските компании од авто-мото индустријата. Со негување на култура на развој, ориентирана кон пласман на производство согласно деловните потреби на нашите клиенти, подготвени сме за нови деловни подвизи и уште повеќе достигнувања.“ – изјави г-дин Георги Тренкоски, Плант Менаџер, „Теламон – Европа“.

Tags: „Теламон – Европа“автомобилска индустријапроизводствен погон
Next Post

Велика Британија го следи движењето на мигрантите со нараквици со баркод

НАЈНОВО

Карди Б ја доби судската битка против Елис: Се колнам во Бога, на смртна постела ќе кажам дека не ја допрев таа жена

September 3, 2025

Таткото на Васил Јованов не признава вина за загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства

September 3, 2025

Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе ја спаси Македонија од новото задолжување?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk