Министерството за внатрешни работи за МИА потврди дека попладнево имало пукање во гаражите на трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Нема повредени лица.
– Има пријава за трговски центар околу 16 часот. Нема повредени, велат од МВР.
Во моментот полицијата врши увид. Засега нема информации кој пукал и кои се причините.
Извор: МИА