ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

БГНЕС: Белград се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија

August 27, 2023 18:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Српската државна телевизија РТС  отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во  Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ, пишува денес БГНЕС од Белград, пренесува Независен.

Во опширниот извештај, кој беше насловен „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“ РТС , според БГНЕС, сугерира  дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на Македонците”.

„Пред 5 години РСМ го смени името како услов да продолжи со евроинтеграцијата, но сега Бугарија постави бариера и сака Бугарите да бидат регистрирани како малцинство во преамбулата на уставот, а претставуваат само 0,19 отсто од населението“, се вели во извештајот, кој веднаш беше препечатен од весникопт „Политика“.

Во информациите на РТС, покрај „опасноста од Бугарите, не е испуштена и другиот дежурен  непријател – Албанците кои го загрозуваат интегритетот на државата“, пишува БГНЕС. На самиот почеток репортерот на РТС го цитира поранешниот премиер Зоран Заев, кој го прашал Бојко Борисов „како тоа сите на светот настанале од мајмунот, само ние Македонците од Бугарите“.

Таква забелешка, според БГНЕС, никогаш не била упатена на Борисов и била за локална публика. Извештајот завршува со потсетување дека„РСМ во 2019 година направи отстапки пред Албанците и така албанскиот јазик стана службен јазик во државата“.

„Аргументите против „опасните измени на Уставот“ на РТС целосно се поклопуваат со пропагандата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ги плаши сонародниците дека „бугарскиот диктат“ секој ден по донесувањето на т.н „француски предлог“ кој го отвора патот на земјата за преговори за членство во ЕУ., коментира БГНЕС.

Tags: БГНЕСБелградпропагандауставни измени
Next Post

Ковачевски на работна вечера со лидерите учесници на Бледскиот стратешки форум

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk