ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Димитров: Лажна вест е дека не сум побарал од Обвинителство да се испита информацијата за мојата наводна оставка

Текстот којшто патем скандалозно ги дели медиумите на такви кои се „блиски до СДСМ“ и оние кои тоа не се, понатаму се повикува на статус од социјалните мрежи, што ме споредува со Коте од Руља. Кога ме споредувате мене со Коте, ги изедначувате ЕУ и НАТО со Каравангелис. Појасен (и можеби фројдовски) израз на определбата на авторите на овие споредби за македонската евроатланска интеграција не може да се замисли.

February 21, 2020 19:44
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕМАНТ до порталот expres.mk

Почитувани,
Во текстот со наслов „Посебниот случај на Никола Димитров“ објавен на 19.02.2020, вашиот медиум преку грубо кршење на новинарските стандарди, без да бидам побаран за став, објави ноторна лага за информација што е многу лесно проверлива.

Вашиот непотпишан новинар, со малициозно пренесување на мој фејсбук статус, во кој саркастично потсетувам дека ден по Референдумот, се објави лажна вест за моја наводна оставка, со фалсификуван документ, печат и потпис, тврди дека за тој случај јас никогаш не сум побарал истрага.

Вистината е дека јас не само што јавно повикав да се истражи случајот и да се лоцира одговорност, туку тоа беше направено и преку официјално барање до Јавното Обвинителство, уште следниот ден, веднаш по објавувањето на фалсификатот, на 02.10.2018 година.

Овој податок е јавен и е лесно проверлив, и навистина изненадува непрофесионалноста што пред да се објави текстот, редакцијата не се обратила ниту до мене, а очигледно ниту до Обвинителството.

Текстот којшто патем скандалозно ги дели медиумите на такви кои се „блиски до СДСМ“ и оние кои тоа не се, понатаму се повикува на статус од социјалните мрежи, што ме споредува со Коте од Руља. Кога ме споредувате мене со Коте, ги изедначувате ЕУ и НАТО со Каравангелис. Појасен (и можеби фројдовски) израз на определбата на авторите на овие споредби за македонската евроатланска интеграција не може да се замисли.

Во согласност со новинарските начела и основното право на „втората страна“ да биде консултирана, а особено во насока на вистинско информирање на граѓаните, наместо пласирање на неточни информации, од вас очекувам овој демант да биде објавен во целост, и се разбира, да ја повлечете лагата.
Извинување не мора, пишува на ФБ шефот на дипломатијата, Никола Димитров.

Next Post

Пендаровски: Во историјата на државата претседател на бил избран без поддршка од големите два блока

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk