Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 276 возачи.
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа 154 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 122 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.