ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Габриел: Скопје треба да ги исполни обврските што ги презеде

September 2, 2023 11:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН

Позицицијата на Бугарија кон Северна Макеоднија е много јасна – да се исполнат обврските договорени и прифатени во јули 2022 година, изјави бугарската вицепремиерка и шефица на дипломатијата Марија Габриел, пренесува МИА.

Бугарија ќе продолжи многу јасно да ја брани својата позиција, да потсетува дека стоиме зад исполнувањето на сите услови поврзани со компромисот од јули 2022 година, јасно да се спротивставиме на обидите за лажни информации и дезинформации дека Бугарија има нови услови, а во меѓувреме јасно да опстојуваме на нашиот јазик, култура и идентитет, рече Габриел во одговор на пратеничко прашање во бугарското Собрание.

На пратениците им порача дека Народното собрание на Бугарија може да продолжи да биде многу корисно, но не е во надлежност на ниту еден законодавно тело да се произнесува за вакви теми.

Сакаме многу јасно да покажеме пред РСМ дека само кога ќе ги исполнат обврските што самите се согласиле да ги исполнат, тогаш евроинтеграциите веќе нема да бидат сон, додаде Габриел.

Прашана за предложена резолуција во американскиот Сенат, септември да се прогласи за месец на македонско-американското наследство во САД, таа рече дека МНР на Бугарија ќе направи се тоа да не се случи. Информира дека бугарското МНР уште од првиот момент кога дознало за поднесената резолуција презело активности, амбасадорот и генералниот конзул во Вашингтон веќе разговарале со тимот на сенаторот кој ја предложил резолуцијата. Габриел кажа дека дека процедурата во Сенатот е започната, но оти ќе направат се што е можно да не биде донесена.

Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

Во меѓувреме, гувернерката на американската сојузна држава Мичиген Гречен Витмер, веќе го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци.

Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.

Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

Tags: бугаријаЕУисполнувањеМакедонијаМарија Габриелобврски
Next Post

Северна Кореја истрела крстосувачки ракети кон Жолтото Море

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk