ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ерол Шакири: Чуму нервозата г-дин Геровски

Ете, да не беше овој текст јас лично нема да знаев, се досега мислев дека СДСМ е француска партија. Единствено што му е точно во колумната (се друго е спин, па дури плаши и потсеќа на Тиранската платформа хахахаха) е констатацијата дека СДСМ не е етничка партија. Токму така, СДСМ е граѓанска партија, а во неа не само што членуваат, туку и дел од раководните структури на партијата, нејзини претставници во законодавниот дом, носители на локалната власт и др. се Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми, Власи...

February 22, 2020 19:33
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Геровски продолжува да вади од контекст, изгледа вмровците многу се уплашиле од предизборна коалиција на СДСМ со една или повеќе партии од албанскиот политички блок.

Сега е проблем изјавата на Заев „СДСМ не е македонска, туку мултиетничка партија“.

Па Геро вели: „СДСМ е македонска партија другар Заев, а да не се знае дека СДСМ е македонска партија е многу грдо!“.

Ете, да не беше овој текст јас лично нема да знаев, се досега мислев дека СДСМ е француска партија. Единствено што му е точно во колумната (се друго е спин, па дури плаши и потсеќа на Тиранската платформа хахахаха) е констатацијата дека СДСМ не е етничка партија. Токму така, СДСМ е граѓанска партија, а во неа не само што членуваат, туку и дел од раководните структури на партијата, нејзини претставници во законодавниот дом, носители на локалната власт и др. се Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми, Власи… главните индикатори што дефинираат етничка партија се:

1. Името на партијата (Социјал демократски сојуз на Македонија е името, не е Социјал демократски сојуз на Македонците).

2. Програмата на партијата (како последица на таа програма за СДСМ гласаа од 30-50 илјади Албанци, како и Турци, Бошњаци, Срби, Власи, Роми покрај Македонците).

3. Статутот на партијата – Член 2 од статутот на СДСМ гласи “Унапредување и афирмација на меѓуетничкиот соживот и меѓурелигиска толеранција и дијалог“).

4. Членовите на политичката партија (да повториме, Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Власи, Роми….). Значи Геро, сите политички партии регистрирани во Република Македонија, и тие што ќе се регистрираат сега во Република Северна Македонија се македонски политички партии, а единствената разлика помеѓу СДСМ и останатите е дека СДСМ е граѓанска партија, а другите се етнички партии.

Се надевам дека освен Геровски, другите разбрале што сакал Заев да каже, а тоа е дека СДСМ не е само партија на Македонците, туку е таа партија на сите граѓани, припадници на сите етнички заедници, односно граѓанска партија или како рече тој „мултиетничка“.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ на пример која е чисто етничка партија, еве покрај самото целосно име на партијата, само Член 7 од нивниот статут ќе го цитирам „ВМРО-ДПМНЕ е народна партија со демохристијанска ориентација која се заснова врз христијанското поимање за човекот…“.

И точно е да, партиите со кои се зборува за потенцијална коалиција се етнички партии (БЕСА, ДПА), и што е проблемот тука, доколку се усогласат програмските цели, впрочем СДСМ веќе се промовираше како партија која се бори за правата на сите етнички заедници. Чуму паниката господин Геровски? Не е проблем на СДСМ, Беса или било која друга партија што ВМРО немаат коалиционен капацитет, веќе ни постизборен а камоли предизборен.

пишува: Ерол Шакири

Next Post

Деветто издание на конференцијата за социјален активизам „Engage“

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk