ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Вложуваме во модернизација на патните коридори во земјата

September 6, 2023 22:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот вицепремиер на Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на ЈП за одржување на магистралните и регионални патишта, Костадин Ацевски, денеска извршија увид на рехабилитација на автопатската делница Скопје – Тетово, дел од инвестицискиот циклус на Владата за изградба и модернизација на европскиот Коридор 8.
Се рехабилитираат оштетените делови од автопатската делница Скопје – Тетово, инвестиција со вкупна вредност од преку 470 милиони денари, а воедно се поставуваат и звучни бариери на делови од автопатот.

При увидот тие истакнаа дека модернизацијата на Коридорот 8 ќе донесе многу бенефити и позитивни импликации врз економскиот развој.

„Правиме увид на сите градежни активности на Коридорот 8, почнувајќи од заштитните бариери пред првата патарина кај населеното место Кондово и сега сме тука кај Тетово, дел кој се рехабилитира од страна на Јавното претпријатие за државни патишта. Можам да констатирам дека како што се работи во овие години во однос на инфраструктурата, никогаш не се работело. Се работи буквално во секој регион од државата и за тоа сакам да им честитам на министерот Бочварски и на директорите Рустеми и Ацевски за посветената работа. Коридорот 8 се гради, стариот пат се рехабилитира, а новиот треба да започне со градежни активности на средината на септември. Во овој мандат ги заокружуваме најголемите проекти во инфраструктурата во државата.“ – изјави првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби.

Министерот Бочварски истакна дека модернизација на Коридорите 8 и 10-Д е стратешки приоритет на оваа Влада.

„Сите активности кои ги видовме денеска се во насока на подобрување на патната инфраструктура во земјата, безбедни патишта се наш врвен приоритет и интерес. Активно работиме на рехабилитација на овој автопат од Скопје кон Тетово, но работиме и на две позиции на автопатот на Коридорот 10, правците Демир Капија – Неготино и Катланово – Петровец. Исто така работиме на рехабилитација и на 5 позиции на 5 гранични премини, тоа се патните правци кон Бугарија, Косово, кон Грција кај Битола, Струга – Ќафасан, практично насекаде низ државата се работи со силна динамика. Го поздравувам овој напредок, дефинитивно ова го заслужуваат нашите граѓани, го заслужуваме сите.“ – изјави министерот Бочварски.

Директорот Рустеми истакна дека оваа година имаат најобемна програма во изградба и рехабилитација на патната мрежа во земјава.

„Програмата на ЈП за државни патишта за 2023 година е амбициозна, во која имаме предвидено изградба на нови патишта, рехабилитација, модернизација и одржување на автопатиштата и останатите државни патишта. Активно ги следиме активностите на овој дел од Коридорот 8, каде имаме предвидено рехабилитација на најоштетените делови од делницата Скопје – Тетово, за која од буџетот издвоивме 7,5 милиони евра. Би сакал да известам дека по оваа рехабилитација кај клучката Брвеница, продолжуваме со градежни активности на рехабилитација на влезот кон Скопје, а во наредниот период ќе започнеме и со модернизација на патарините кај Глумово и Желино. Продолжуваме со сите активности, сите сме сведоци на засилената и активна градежна офанзива.“ – изјави директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.
ВицепремиеротГруби, министерот Бочварски, заменик министеротРеџепи, заедно со директорите Рустеми и Ацевскиработната посетаво Тетово ја заокружија со посета на саемот за вработување во организација на компанијата Бехтел.

Tags: модернизацијапатни коридори
Next Post

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk