Професорката Емилија Целакоска во објава на Фејсбук прави компарација „пред” и „потоа”, како било, а како се сега законските решенија од Кривичниот законик.
„Ако медиумите не ја НАДУЈАТ работата, па кој ќе ја надуе. Многу лесно се гледа „пред” и „потоа”. Медиумите како да служат за онеписменување и дезинформирање. Време е да се прочита како било, а како е сега.
Еве го членот 353. (Многу членови се сменети, ама овој беше извикан).
Тоа со сино под (1) НЕ Е СМЕНЕТО, исто е: 6 месеци до 3 години.
За (2), е всушност ПОСТРОГО ПО НОВО: Било 6 месеци до 5 години, а сега е 1 до 5 години.
За (3) било најмалку 3 години, а без горна граница (изгледа им суделе баш 3 години), а по ново е од 1 до 4 години.
(Кој вика дека баш 1 година ќе им судат на сите, а ставот е за „поголема” штета).
(4) по старо е (5) по новото (нема во овој став казнена одредба), а (4) по ново е градација на (3) и се казнува од 1 до 5 години.
(Бидејќи е „значителна” штетата, тешко дека ова ќе оди со 1, 2 или 3 години. Шминка за очи да се порадуваат престапниците, а всушност не е олеснето).
Во старото нема (6), а во новото има и тоа е КОНФИСКАЦИЈА.“, пишува Целакоска во објавата.
Собранието на 125. Пленарна седница ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик.
Претседателот Стево Пендаровски, одлучи да го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.