ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис утре ќе се сретне со фон дер Лајен за европска поддршка во справувањето со последиците од поплавите

September 11, 2023 09:30
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Владин тим предводен од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утре ќе замине во Стразбур на средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен за, како што вчера соопшти самиот Мицотакис, да разговараат „за начинот на кој Европа ќе ја поддржи Грција и да добие значителна финансиска поддршка за соочување со големата катастрофа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер вчера одржа состанок во Координативниот центар за операции во периферијата Тесалија погодена од поплавите, соопшти мерки за поддршка на погодените, но и истакна дека постојат многу опции за финансиски средства преку кои Европа може да помогне.

Посочи дека за сето тоа ќе разговара со претседателката на ЕК и изрази сигурност дека „Европа финансиски ќе ја поддржи земјата за да не мора грчките даночни обврзници сами да ги сносат големите трошоци за санирање на штетите што ги остави зад себе невремето“.

-Сакам да знаат сите наши сограѓани чии имоти се или уништени или претрпеа големи штети, дека државата ќе ги поддржи и тоа брзо, за да можат повторно да влезат во нивните домови со потребната финансиска поддршка за покривање на потребите од опрема за домаќинството, а подоцна и со оние средства кои се неопходни за санирање на штетите што ги остави зад себе поплавата, рече Мицотакис.

Додаде дека поддршката ќе се однесува и на земјоделците и на земјоделските производи, додека пак за оние кои останаа далеку од нивните домови, предвидена е и психолошка поддршка.

Во поплавите во Грција предизвикани од невремето „Даниел“, досега, животот го загубија 15 лица, а двајца се исчезнати.

Tags: МицотакиссредбаУрсула фон дер Лајен
Next Post

Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата

Најново

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026
Фото: Министерство за култура

Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk