Прес 24, близок до десницата, направи мошне коректно и актуелно интервју со Зоран Заев, објавено денеска. Прашање на денови, а можеби и на часови е кога и овој портал ќе биде оцрнет како предавнички од троловите во Белата палата на партијата што должи осум милиони евра. Во меѓувреме, да се осврнеме на неколку акценти во најновите искази на Зоран Заев.
ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ – СО СДСМ ЗА 6, А СО ВМРО-ДПМНЕ НИ ЗА 60 ГОДИНИ
Јас знам дека земјата на чело со СДСМ има капацитет успешно да ги спроведе и затвори преговорите за членство во ЕУ за најмногу 6 години, а ВМРО-ДПМНЕ тоа нема може да го направи ниту за 60 години.
ПОЛИТИКИТЕ НА ОВА ВМРО-ДПМНЕ СЕ РЕТРОГРАДНИ, ШТЕТНИ, ОПАСНИ, ПОГУБНИ – ТОА СЕ ПОЛИТИКИ НА ГРУЕВСКИ И МИЦКОСКИ
Политиките на ова ВМРО-ДПМНЕ се ретроградни, штетни за државата, опасни по нашето членство во НАТО, погубни за европската интеграција – тоа се политиките на Никола Груевски и Христијан Мицкоски. Партија која не научила ништо, не собрала сили да покаже грам демократски капацитет и која речиси 15 години е заробена од криминални интереси не може да победи на избори во 2020 година, годината кога нашата татковина станува членка на НАТО. Стратешкиот интерес на земјата ќе добие мнозинска поддршка во споредба со интересот на ДПМНЕ за крадени пари. Успехот на граѓаните кои сакаат мирен, стабилен живот во држава со силна економија во која има ред, овој пат ќе биде неприкосновен.
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ: ЕКОНОМСКИ РАСТ, СТАБИЛНОСТ И ПОМОШ ЗА РАНЛИВИТЕ ОД ЕДНА И МРАЧНО МИНАТО ПОД КОНТРОЛА НА БЕГАЛЕЦОТ ОД БУДИМПЕШТА ОД ДРУГА СТРАНА
Анкетите покажуваат дека на овие избори СДСМ е фаворит, дека граѓаните ја препознаваат разликата меѓу двата концепта. Политиките на СДСМ за интеграција, за стабилност преку членство во НАТО, за економски раст и за голема помош на сиромашните и ранливите се далеку повеќе поддржани од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, партија која е препознаена како нереформирана, под контрола на бегалецот од Будимпешта. Концептот на СДСМ кој е за одење напред кон сигурна иднина води пред оној на ВМРО-ДПМНЕ кој е за мрачното минато.
И тоа ќе се потврди на 12 април. На 12 април следуваат фер, слободни и демократски избори на кои СДСМ повторно ќе ја добие довербата на мнозинството граѓани, ќе формира влада и стабилно ќе ја води земјата низ целосен 4-годишен мандат.
УСПЕАВМЕ! НАСПРОТИ ПОЛИТИЧКАТА ДРАМА ОД РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ОДБРАНА НА КРИМИНАЛОТ
Политичка драма правеше раководството на ВМРО-ДПМНЕ под команда на шефот од Будимпешта. Тие се дрзнаа повторно да се закануваат врз народните претставници, да вршат невидени притисоци, бидејќи сфатија дека ќе има одговорност за криминалот во нивните редови. Кога некој толку многу се бори да одбрани криминал, а мнозинството од другата страна успева со 2/3 во Собранието да донесе европски Закон за јавно обвинителство, тоа значи “Успеавме”.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски и Мицкоски беа единствените против законот, тоа многу кажува.