ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во велешкиот театар вечерва првпат ќе биде изведена претставата „Едвард Втори“

September 11, 2023 15:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Театар „Јордан Х К Џинот“ Велес

Фото: Театар „Јордан Х К Џинот“ Велес

Share on FacebookShare on Twitter

Претставата „Едвард Втори“ ќе биде изведена вечерва на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, со почеток во 20 часот. Нејзината премиера беше на 6 август на „Охридско лето“, а вечерва првпат ќе се одигра на матичната сцена.

Претставата „Едвард Втори“ е во режија на Андиј Жолдак, а работена според текст на Кристофер Марлоу, копродукциски проект на НУЦК Театар  „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмскиот театар „Н.О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија.

Во претставата главниот лик Едвард Втори е поделен на две улоги кои истовремено ги реализираа двајца актери, Илин Јованоски и Бугаринот Борис Крстев. Во главната  женска улога пак, настапи Јована Миладинова.

Темите на главната драма се односот татко и син, во отсуство на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност. Исто така, бракот на Едвард и создавањето семејство. Понатаму, промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите.

Смртта на таткото, на кралот, а со тоа и исчезнувањето на сите бариери и пречки за синот. Лудилото на напуштената жена – сопругата и кралицата и планот да се убие сопругот. Крајниот конфликт на 21 век е конфликтот за превласт, меѓу мажот и жената. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки вистинити ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината.

Од театарот потенцираат дека претставата не е наменета за лица помлади од 16 години.

Tags: 9 септемвриВелесЕдвард Втори
Next Post

Шаќири: До крајот на септември ќе бидат доставени сите учебници

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk