ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ескобар: Курти не ме убеди дека се залага за нормализација на односите со Белград

September 13, 2023 15:18
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот-помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар во пресрет на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, изјави дека не добил гаранции од косовскиот премиер Албин Курти дека е посветен на спроведувањето на Договорот за нормализација на односите и неговиот анекс, јави дописникот на МИА од Белград.

Габриел Ескобар рече дека САД, во пресрет на следната рунда дијалог во Брисел, побарале од Белград и Приштина да се посветат на конкретни обврски во однос на договорот за нормализација на односите и анексот за негово спроведување.

Ескобар во интервју за Гласот на Америка изјави дека не добил гаранции од Албин Курти дека е посветен на спроведувањето на договорот, што Курти го објави на Твитер во понеделникот.

-А тоа, кога станува збор за косовската страна, значи презентирање на нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО). Курти не се обврза да го направи тоа. Во суштина, она на што се обврза е да присуствува на состаноците во Брисел и ништо повеќе од тоа, рече Ескобар.

Тој потсети дека последиците кои би можеле да настанат се веќе видливи – доколку Белград и Приштина ја пропуштат можноста за нормализирање на односите.

-Зборуваме за мерките што ги воведе Европската Унија, кои се огледаат во неможноста за напредок во некои механизми на пристапниот процес – кои се доста сериозни. Иако Косово ги означи како санкции, не станува збор за реални казнени мерки. За Србија исто така би било многу слично.

Во врска со Косово се работи и за можности за нови признавања, донаторски конференции, стратешки билатерален дијалог со САД и блиски односи со НАТО. За жал, ако нема напредок, сето ова ќе се пропушти оваа година. И за Србија ќе биде многу слично. Мислам дека Европската Унија ќе сака да види јасни сигнали за интерес за имплементацијата на договорот за нормализација додека го разгледуваат степенот во колкава мера Србија напредувала во пристапниот процес, истакна Ескобар.

Tags: БелградЕскобарКуртиОдноси
Next Post

Немирна Америка

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk