ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Државна кардиохирургија првпат изведе метод за стент на лак на аорта при третман на пациенти со потешка состојба

September 15, 2023 14:09
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На ЈЗУ Државна кардиохирургија во Скопје првпат во регионот е изведен метод на ставање стент на лак на орта, кој ќе овозможи полесен третман на пациентите кои се во потешка здравствена состојба, а за кои постои висок ризик од смртност при хируршки зафат, соопштија денеска на прес-конференција, директорот на Клиниката за кардиохирургија д-р Марјан Шокаровски и д-р Никола Лазовски.

– Се работи за воведување на нова ендоваскуларна метода која што првпат се изведува во регионот, а можам да кажам и пошироко, со која на многу полесен начин ќе им овозможи третман на пациентите кои што се во потешка здравствена состојба. Се изведува со полесна анестезија и престојот во болница е пократок, рече директорот Шокаровски.

Досега на Државната кардиохирургија, како што објасни д-р Никола Лазовски ставањето стент на лак на орта како метод се работи рутински хируршки отворено и хибридно.

– Ова е нашиот најнов придонес во доближувањето до современата медицина. Најпрво би сакал да се заблагодарам на сите субјекти особено на тимовите кои придонесоа до успешна реализација на овој метод. Се работи за  специфичен метод што се изведува првпат во Македонија, а и пошироко. Ставаме стент на лак на орта кај болест која што се вика аунемуризма на лак на орта. Станува збор за сериозна болест, со многу висока смртност доколку не се лекува, рече Лазовски.

Тој додава дека овој метод се користи за пациенти што имаат висок ризик на операција и во случаи кога се проценува дека пациентот нема да може да издржи хируршки третман.

-Кај еден пациент, кој што го проценивме како високо ризичен ставивме стент на лак на орта. Пациентот се одготви со друга операција, се направи премостување на крвните садови за мозокот и за рацете, а една недела подоцна се реализираше оваа процедура со два мали резови на двете раце и еден 5-6 сантиметри рез во препона. Пациентот четири дена по операцијата си отиде дома и е на домашно лекување, рече Лазовски и додаде дека овој метод се овозможи со отворање на хибридната сала.

Директорот Шокаровски најави проширување на капацитетите и на дејноста на Државната кардиохирургија со нов оддел, специфичен за срцева слабост, со што би се подобриле условите за лечење на тие пациенти.

Tags: д-р Марјан Шокаровскид-р Никола Лазовскикардиохирургијастент
Next Post

Маричиќ: Меѓународниот ден на демократијата е повод да опстоиме во потрагата по демократски одговори на заканите во време на тензии и превирања

НАЈНОВО

Фото генерирано со ВИ

Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

October 31, 2025

Возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот е приведен

October 31, 2025

Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk